ФИНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА “ВАЖНОСТА НА ПОГЛАВЈЕ 20 ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН ЕУ”

 

 

На 08-ми мај со почеток во 11:30 часот во хотел „Солун“ во Скопје ќе се одржи финална конференција на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на поглавје 20“, финансиран од Европската унија.

Целта на финалната конференција е да ги сумира резултатите и придобивките од проектот, како и да придонесе за промоција на Платформата поглавје 20. Дополнително, на конференцијата ќе биде промовиран и ресурсниот центар www.poglavje20eu.org како и креираните едукативни видеа, прирачници и документи за политики кои ќе бидат достапни во печатена форма. На конференцијата со индивидуални презентации ќе настапат и граѓанските организации (регрантисти) – имплементаторите на осумте национални проекти кои беа финансирани преку грантовата шема на проектот.

Учеството на конференцијата е отворено за сите заинтересирани кои делуваат во областите на преговарачкото Поглавје 20 или се активни чинители во реформскиот процес на поглавјето.

Регистрација на учесници на следниот линк, најдоцна до 05.05.2019.
Агенда за конференцијата.

Проектот кој започна со имплементација во мај 2017 година, придонесе да се постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20 на национално и локално ниво, да се подобри координацијата и трансферот на знаење помеѓу граѓанските организации и останатите релевантни чинители како и да се подигне свеста за значењето на Поглавје 20 за целокупниот напредок на земјата кон ЕУ . Проектот е имплементиран од Фондација за Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој „Јавор“.

Контакт информации:
Маја Лукарова, maja.lukarova[AT]yes.org.mk, +389 70 233 785, +389 2 3103 660
Софија Цали Кузманова, sofija.cali[AT]yes.org.mk, +389 76 468 031, +389 2 3108 891

Отворени информативни денови за конкурс „Иновативно претпријатие на годината“

Фондацијата Претприемачки Сервис за Млади организира информативни настани за избор на „Иновативно претпријатие на година“, дел од проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“.

Информативните настани ќе се одржат на следниве датуми:
– 5ти април – Штип
– 10ти април – Скопје
– 12ти април – Охрид

Националниот конкурс „Иновативно претпријатие на годината“ е признание кое се доделува на иновативни македонски претпријатија кои успешно лансирале иновација во своето работење. Конкурсот има за цел да промовира успешни бизнис модели и достигнувања базирани на иновации и нови технологии од македонски компании во сите индустриски сектори. Овој конкурс ги препознава и наградува иновативните компании кои имаат развиено нови или значително подобрени производи, услуги и/или процеси во изминатите три години (2016, 2017 и 2018 година).

На информативните настани компаниите ќе можат да дознаат повеќе информации за начинот на аплицирање, правилата и условите на конкурсот.

Агенда
12:00 – 12:30 Регистрација на учесници
12:30 – 12:50 Презентација на проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“
12:50 – 13:10 Презентација на правилата за аплицирање на конкурсот „Иновативно претпријатие на годината“
13:10 – 13:30 Прашања од публика
13:30 – 14:00 Коктел

Сите заинтересирани компании треба да се регистрираат на следниов линк

Жените претприемачи придонесуваат кон социјално-економските просперитети на една нација

Во духот на претприемништвото, од суштинско значење е да се признае дека и жените се значајни двигатели на економскиот раст. Женското претприемништво е растечка, динамична и неопходна сила во светот. Жените претприемачи придонесуваат кон социјално-економските просперитети на една нација преку создавање на работни места во различни економски сектори, намалување на нивото на сиромаштија и невработеност.  Малите и средните бизниси обезбедуваат мотор за економски раст за многу земји. Инвестирањето во женското претприемништво е авенија за една земја постепено да се забрза влијанието на создавање нов потфат.

За таа цел организираме конференција која ќе биде настан на чело со жени-претприемачи и лидери во своите бизниси што растат во градовите низ целата земја. Финалата конференција на тема: „Женското претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ“ ќе се одржи во Хотелот Холидеј Ин на 19-20 ноември 2018 година. Се очекува да бидат присутни околу 200 учесници претставници од организации, владини институции и жени претприемачи од компании од  Македонија и балканските земји.

Конференцијата за вмрежување ќе содржи:

  • 4 панел дискусии со претставници од различни Министерства, институции, организации и компании
  • Поттикнување на дискусија помеѓу присутните претставници од различни институции и организации и жени претприемачи кои се битни за претприемништво.
  • Б2б средби помеѓу жени претприемачи од регионот
  • Презентација за реализираните активности на проектот како и презентација на ресурси креирани за време на проектот (онлајн курсеви, веб портал и водич за граѓански организации)

Една од првите активности на проектот е и формирањето на Националниот совет за женско претприемништво со кој се постигнува градење на  влијателна заедница која се залага за подемот на жените претприемачи, создавајќи средина за жените да инвестираат во жени и поврзување на жените со повеќе можности и практични алатки за остварување на нивните бизнис цели.

Овој настан е оргнизиран од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска. Финалната конференција за вмрежување  е дел од проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute)“.

  • Пријавувањето за учество на конференцијата се реализира преку пополнување на формулар за учество на следниот линк: https://goo.gl/forms/ZvCOk20Q2dZtcxv62

Вмрежувањето служи како одлична можност за жените да зборуваат отворено и да споделуваат приказни за нивните успеси и предизвици со други со слични искуства.

Финална конференција: Женското претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ

Финална конференција за вмрежување на тема: Женското претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ и Националниот Совет за Женско Претприемништво (НСЖП) го прославува Светскиот ден за женско претприемништво WED 2018

Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска организираат финална конференција за вмрежување на тема: Женско претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ како и прославување на Светски ден за женско претприемништво. Финалната конференција за вмрежување  е дел од проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute)“. Финалната конференција за вмрежување ќе се одржи на 19 и 20 ноември  2018 година во Холидеј Ин Хотел.

Финалната конференција за вмрежување ќе содржи 4 панел дискусии каде претставници од различни Министерства, институции, организации и компании ќе споделат искуства, знаење и информации на специфични теми. Преку овој настан ќе се поттикне дискусија помеѓу присутните претставници од различни институции и организации и жени претприемачи кои се битни за претприемништво како и заклучоци за подобрување на овие тематики кои ќе бидат споделени до пошироката јавност. На финалната конференција за вмрежување ќе земат присуство повеќе од 100 учесници од целата држава. Ќе има и б2б средби помеѓу жени претприемачи од регионот.

  • Пријавувањето за учество на конференцијата се реализира преку пополнување на формулар за учество на следниот линк: https://goo.gl/forms/ZvCOk20Q2dZtcxv62
  • Пријавувањето за б2б средбите се реализира преку регистрација на следниот линк: http://wecontribute.talkb2b.net/page/2/Program 

Во прилог е агендата за конференцијата:

 

Одржана тркалезна маса на тема Едукација – линк со претприемништво

На 05-ти октомври 2018 (петок), во  Хотел Порта во Скопје со почеток од 13 часот, беше одржана тркалезна маса на тема Едукација – линк со претприемништво дел од проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute). Проектот се имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.

Емилија Андонова од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување посочи дека проектот предвидува како од образованието да се дојде до претприемништво и што би ги инспирирало младите, а посебно жените претприемачи и сите кои им е потребна дополнителна едукација.

– Главната цел на проектот е да се подобри одговорот на граѓанското општество кон предизвиците за интеграција во ЕУ во областа на женското прептриемништво со тоа што ќе се обезбедат експерти, ресурси и искуства за надополнување на активностите. Проектот ќе се осврене на некои од идентификуваните предизвици и ќе придонесе за позиционирање на жените претприемачки и нивните организации како еден од клучните социјални партнери во процесите на реформи за интеграцијата во ЕУ, рече Андонова.

Нагласи дека денеска ќе бидат презентирани практики од претприемништвото во образовните институции.

Валентина Дисоска претседател на Здружението на бизнис жени посочи дека иако има голем број на жени кои завршуваат високо образование, нив, како што кажа, ги нема во процесот на вработување, а уште помалку во процесот на креирање на компании, односно во претприемништвото.

– Во принцип во Македонија едукацијата е на доста високо ниво и има голем број на кадар со високо образование, но евидентно е дека само мал дел од нив се занимаваат со претприемништво по завршувањето на образованието, а особено со женско претприемништво. Мораме образованието да го насочиме да работи на креирање на нови работни места преку претприемништво. Кај нас се уште не се препознава дека претприемништвото е една од основните насоки луѓето да се вработат и да бидат економски стабилни кога ќе излезат од едукацискиот процес. Напротив, се препознава дека треба да бидат вработени, особено во државна институција или банка. Токму затоа работиме да покажеме дека претприемништвото може да биде прв избор откога ќе се заврши образованието, потенцира Дисоска.

Многу години, додаде, се говори за воведување пракса во образованието, но неопходно е да се говори со надлежните и со компаниите за воведување на дуално образование.
– Женското претприемништо во земјава се уште не е изградено на доволно високо ниво иако имаме поддршка и разбирање од институциите. Само околу 25 до 30 отсто од бизнисите се во сопственост на жени, а особено е поразителен фактот што тие генерираат само 10 отсто од обртот и профитот. Тоа покажува дека се претежно во микро имал сегмент, а ние работиме на нивно економско јакнење, рече Дисоска.
Беа презентирани практики од претприемништво во образовните институции од страна на Професор од Економски Факултет – Моника Ангелоска – Дичовска како и споделени искуства во поглед на едукација како линкс со претприемништво од страна на Маја Лукарова – Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ). На настанот земаа присуство над 30 учесници, претставници од владиниот и граѓанскиот сектор.