Одржана тркалезна маса на тема Едукација – линк со претприемништво

На 05-ти октомври 2018 (петок), во  Хотел Порта во Скопје со почеток од 13 часот, беше одржана тркалезна маса на тема Едукација – линк со претприемништво дел од проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute). Проектот се имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.

Емилија Андонова од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување посочи дека проектот предвидува како од образованието да се дојде до претприемништво и што би ги инспирирало младите, а посебно жените претприемачи и сите кои им е потребна дополнителна едукација.

– Главната цел на проектот е да се подобри одговорот на граѓанското општество кон предизвиците за интеграција во ЕУ во областа на женското прептриемништво со тоа што ќе се обезбедат експерти, ресурси и искуства за надополнување на активностите. Проектот ќе се осврене на некои од идентификуваните предизвици и ќе придонесе за позиционирање на жените претприемачки и нивните организации како еден од клучните социјални партнери во процесите на реформи за интеграцијата во ЕУ, рече Андонова.

Нагласи дека денеска ќе бидат презентирани практики од претприемништвото во образовните институции.

Валентина Дисоска претседател на Здружението на бизнис жени посочи дека иако има голем број на жени кои завршуваат високо образование, нив, како што кажа, ги нема во процесот на вработување, а уште помалку во процесот на креирање на компании, односно во претприемништвото.

– Во принцип во Македонија едукацијата е на доста високо ниво и има голем број на кадар со високо образование, но евидентно е дека само мал дел од нив се занимаваат со претприемништво по завршувањето на образованието, а особено со женско претприемништво. Мораме образованието да го насочиме да работи на креирање на нови работни места преку претприемништво. Кај нас се уште не се препознава дека претприемништвото е една од основните насоки луѓето да се вработат и да бидат економски стабилни кога ќе излезат од едукацискиот процес. Напротив, се препознава дека треба да бидат вработени, особено во државна институција или банка. Токму затоа работиме да покажеме дека претприемништвото може да биде прв избор откога ќе се заврши образованието, потенцира Дисоска.

Многу години, додаде, се говори за воведување пракса во образованието, но неопходно е да се говори со надлежните и со компаниите за воведување на дуално образование.
– Женското претприемништо во земјава се уште не е изградено на доволно високо ниво иако имаме поддршка и разбирање од институциите. Само околу 25 до 30 отсто од бизнисите се во сопственост на жени, а особено е поразителен фактот што тие генерираат само 10 отсто од обртот и профитот. Тоа покажува дека се претежно во микро имал сегмент, а ние работиме на нивно економско јакнење, рече Дисоска.
Беа презентирани практики од претприемништво во образовните институции од страна на Професор од Економски Факултет – Моника Ангелоска – Дичовска како и споделени искуства во поглед на едукација како линкс со претприемништво од страна на Маја Лукарова – Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ). На настанот земаа присуство над 30 учесници, претставници од владиниот и граѓанскиот сектор.

Промотивна конференција: „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“

Со особено задоволство и чест Ве покануваме да ни се придружите на 06-ти февруари (вторник) во Хотел Порта со почеток во 13 часот, да го обележиме почетокот на проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute).

Проектот ќе биде имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска. На настанот ќе бидат презентирани проектните цели, активности и резултати, како и можностите за вклучување во проектот и бенефитите за главните целни групи, граѓанските организации и жените претприемачи. Дополнително, ќе бидат споделени информации за политиките за женско претприемништво и улогата на граѓанскиот сектор во Република Хрватска.

Би Ве замолиле Вашето присуство да го потврдите по е-пошта или со пополнување на следниот формулар https://docs.google.com најдоцна до 18 часот в петок, 2 февруари 2018 година.

Агенда

12:30 – 13:00  Регистрација на учесниците

13:00 – 13:10  Отворање и воведно обраќање

13:10 – 13:30  Проектни цели и активности

Г-ѓа Емилија Андонова, Фондација за менаџмент и индустриско истражување

13:30 – 13:45  Важноста на проектот за развојот на женското претприемништво, очекувани  резултати

 Г-ѓа Валентина Дисоска, Здружение на бизнис жени

13:45 – 14:00  Политики за женско претприемништво и улогата на граѓанскиот сектор во Република Хрватска

Г-ѓа Мери Ен Рукавина Ципетиќ, GTF – Иницијатива за одржлив развој

14:00 – 14:15  Прашања и одговори

14:15 – 15:00  Коктел

                                         

Лице за контакт:

Емилија Андонова

emilija.andonova@mir.org.mk

PROCEED- меѓу најдобрите примери за проекти за еколошко работење на МСПа

Како дел од своите активности, Европската комисија ги промовираше најдобрите примери на проекти кои имаат за цел да се подобрат еколошките перформанси на мали и средни претпријатија, избрани врз основа на квалитетот на иницијативите, нивната ефективност и преносливост во други области, како и да се поттикнат  различни видови на проекти. практиките покажуваат она што е направено на национално и регионално ниво во земјите членки на ЕУ и подалеку.

Еден од промовираните најдобри практики е и проектот ПРОСИД (PROCEED). Проектот е координиран од Стопанската комора на Арад, Романија и во него учествуваат 15 организации од 12 земји, меѓу кои е и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување како претставник од Македонија.

Концептот на овој проект е да се искористи Enterprise Europe Network (EEN) за да се создаде постојана комуникациска мрежа за истражувачките резултати и практики со потекло од Централна и Источна Европа. Затоа, проектот е насочен кон поддршка, проширување и подобрување на работата на јавните и приватните истражувачи од Централна и Источна Европа.

Очекуваните резултати се насочени кон зголемена употреба на резултати од истражувањето за животната средина во МСП преку синергии со постоечките мрежи и проекти за поддршка и координацијата на истражувачки активности во доменот на животната средина низ Европа. Меѓу главните активности, се организирање на деловни средби низ Централна и Источна Европа, за поддршка на малите и средни претпријатија преку EEN организации членки, се со цел да се олесни пристапот на истите до еколошки истражувања, технологии и нови проекти. За таа цел е креирана и професионална социјална мрежа.

Повеќе информации за проектот PROCEED

Повик за жени претприемачи заинтересирани за менторски услуги

Проектот new-MENTOR објавува повик за избор на 20 (дваесет) жени претприемачи од сите краеви на Р. Македонија кои се заинтересирани да добиваат бесплатни менторски услуги од успешни и докажани претприемачи кои ќе им ги пренесат своите искуства и вештини и ќе им помогнат поуспешно да ги надминат предизвиците во првите години од работењето.

Прилог: Апликација за жени претприемачи (менторирани)

Апликацијата да се испрати до Фондација за Менаџмент и индустриско истражување најдоцна до 10.11.2011 по електронски пат наmir@mir.org.mk или на факс 02 3092 814. Контакт телефони: 02 3077 008 и 3092 813.

 

Нов проект: Европска мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија (new-MENTOR)

new_mentor-LOGO_grey

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување во конзорциум со четири партнерски организации од Македонија, Фондација Бизнис Старт ап Центар (БСЦ) Битола, Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење, Фондација Евро Центар, Свети Николе и Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија започна со имплементација на проектот Европска мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија (new-MENTOR).

Проектот new-MENTOR се фокусира на воспоставување на национална мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија и помош на жените претприемачи успешно да ги надминат предизвиците во првите години од работењето на нивните бизниси. Поддршката на развојот на женското претприемништво во земјата земајќи ги предвид специфичните карактеристики на бизнисите раководени од жените претставува стратешка цел на проектот.

Проектот е насочен кон поддршка на женското претприемништво преку креирање на национална мрежа на ментори како дел од Европската мрежа на ментори за жени претприемачи (European Network of Mentors for Women Entrepreneurs).

Проектот е финансиран од Програмата за конкурентност и иновации на Европската унија и ќе трае до 2013 година.
Сите информации за активностите во рамките на проектот ќе можете да ги најдете на веб страницата на проектот која ќе биде активна од крајот на  месец септември 2011 (newmentor.mk).