GREEN 3-дневен централизиран тренинг во Венеција, Италија

Три дневна тренинг сесија за ЕЕН персоналот ангажиран на GREEN проектот се одржа во Венеција, Италија од 29 Ноември до 1 Декември во седиштето на Unioncamere del Veneto. За време на тренингот избрани експерти беа задолжени за тренинг на ЕЕН персоналот на теми релевантни за пружање на услуги за заштита на животна средина од прво ниво, вклучувајќи области како EMAS, ISO14000, LCA и сл. На тренингот зедоа учество по 2 ЕЕН советници од сите организации вклучени во GREEN проектот.

green_1

Дополнително беа организирани и интернационална работилница од генерален карактер како и проектен состанок за утврдување на прогресот и идните активности што треба да се реализираат во рамки на GREEN проектот.

Кодекс на однесување

Фондација за Менаџмент и индустриско истражување е првата партнерска организација од Enterprise Europe Network што го усвои Кодексот на однесување изработен од страна на Извршната агенција за конкурентност и иновативност при Европската Комисија одговорна за управување на Enterprise Europe Network.

Web_TP_een

Свеченото врачување на Кодексот на однесување за партнерите што се обврзаа на почитување на повелбата за квалитет на Мрежата се одржа на 13.10.2010 година во Антверпен, Белгија во рамки на годишната конференција на Enterprise Europe Network.

Документот може да го погледнете на следниот линк.

Мултилатерални деловни средби – Технома Партнерство 2010

На 19.10.2010 во рамки на настанот Технома Партнерство 2010 се одржаа деловни средби помеѓу претпријатија од Словенија, Грција, Србија и Македонија. Организатор на средбите е Европскиот Информативен и Иновативен Центар во Македонија, претставуван од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија.

ManWomanShakingHands_1

Во улога на партнери се јавуваат Комората на занаетчиство и мал бизнис на Словенија, Универзитетот од Ниш од Србија и Федерацијата на индустрии од Северна Грција. Институциите организатори се дел од најголемата европска мрежа за поддршка на бизнисот и иновациите – Enterprise Europe Network.

Целта на настанот е да се засилат соработката и традиционално добрите економски односи меѓу земјите од регионот кои на овој начин покажуваат дека имаат сила да се спротивстават на економската криза и другите бариери и дека економијата и деловните партнерства се реалност и перспектива за Балканот.

Бизнис форумот на кој учествуваа преку 50 компании се случува во рамките на Enterprise Europe Network присутна во повеќе од 50 земји од Европа и пошироко и е единствената мрежа која во себе ги обединува сите поважни институции за поддршка на малите и средни претпријатија. Мисијата на мрежата е за сите нив да ги направи достапни придобивките од деловната соработка, трансферот на технологиите, иновациите и истражувањето, како движечка сила за развој и економски напредок за сите земји.

Проектот GREEN започнува со ипмлементација

Поддршка за подобрување на еколошкото работење на малите и средни претпријатија од прехрамбената и индустријата за градежни материјали 

Фонадацијата за Менаџмент и индустриско истражување од Скопје, во конзорциум со организации од десет земји од Европа, започнува со имплементација на проектот ГРИН (GReening business through the Enterprise Europe Network).
Целта на проектот е подобрување на еколошкото работење на малите и средни претпријатија од прехрамбената и индустријата за градежни материјали во Европа и поддршка на Еnterprise Europe Network  при справувањето со еколошките предизвици во овие два индустриски сектори.

Планирано е да се формира мрежа на локални организации кои работат во областа на животната средина преку која претпријатијата ќе добиваат бесплатни или ефтини услуги во врска со нивното еколошко работење. Активностите вклучуваат и преглед на мерки за поддршка на претпријатијата во оваа област, дата база на јавни и приватни организации кои работат во областа на животна средина, како и неколку тренинг сесии и работилници.

Проектниот конзорциум е воден од Unioncamere Veneto, Италија и е составен од организации, истражувачки центри и стопански комори од следните европски држави: Македонија, Италија, Романија, Турција, Словенија, Грција, Хрватска, Србија, Бугарија и Црна Гора. Сите организации се членки на Enterprise Europe Network.

Проектот е финансиран од Програмата за Конкурентност и Иновации на Европската Комисија.

ТЕХНОМА Партнерство 2010

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување еден од партнерите  на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија  на 19.10.2010 година во рамките на саемот Технома 2010 организира меѓународни средби (ТЕХНОМА Партнерство 2010) за претпријатија заинтересирани за изнаоѓање на потенцијални партнери за технолошка и бизнис соработка.

Претходно договорените средби врз основа на изразениот интерест на претпријатијата претставуваат одлична можност за нови деловни можности. ТЕХНОМА Партнерство 2010 нуди можност за остварување на нови бизнис релации и размена на технологии со интернационални партнери од следните области:

  • Металургија
  • Градежништво (производство и трговија со градежни материјали)
  • Производство и трговија со електрични материјали и електроника
  • Енергија и енергетика

Сите информации и формата за пријавување може да се најдат на:
http://www.enterprise-europe-network.ec.europa.eu/publicwebsite/bemt/home.cfm?eventid=2448 

Контакт лице:
Миле Шошевски, mile@mir.org.mk (+389 2 3077 008)