Проектот GREEN започнува со ипмлементација

Поддршка за подобрување на еколошкото работење на малите и средни претпријатија од прехрамбената и индустријата за градежни материјали 

Фонадацијата за Менаџмент и индустриско истражување од Скопје, во конзорциум со организации од десет земји од Европа, започнува со имплементација на проектот ГРИН (GReening business through the Enterprise Europe Network).
Целта на проектот е подобрување на еколошкото работење на малите и средни претпријатија од прехрамбената и индустријата за градежни материјали во Европа и поддршка на Еnterprise Europe Network  при справувањето со еколошките предизвици во овие два индустриски сектори.

Планирано е да се формира мрежа на локални организации кои работат во областа на животната средина преку која претпријатијата ќе добиваат бесплатни или ефтини услуги во врска со нивното еколошко работење. Активностите вклучуваат и преглед на мерки за поддршка на претпријатијата во оваа област, дата база на јавни и приватни организации кои работат во областа на животна средина, како и неколку тренинг сесии и работилници.

Проектниот конзорциум е воден од Unioncamere Veneto, Италија и е составен од организации, истражувачки центри и стопански комори од следните европски држави: Македонија, Италија, Романија, Турција, Словенија, Грција, Хрватска, Србија, Бугарија и Црна Гора. Сите организации се членки на Enterprise Europe Network.

Проектот е финансиран од Програмата за Конкурентност и Иновации на Европската Комисија.

ТЕХНОМА Партнерство 2010

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување еден од партнерите  на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија  на 19.10.2010 година во рамките на саемот Технома 2010 организира меѓународни средби (ТЕХНОМА Партнерство 2010) за претпријатија заинтересирани за изнаоѓање на потенцијални партнери за технолошка и бизнис соработка.

Претходно договорените средби врз основа на изразениот интерест на претпријатијата претставуваат одлична можност за нови деловни можности. ТЕХНОМА Партнерство 2010 нуди можност за остварување на нови бизнис релации и размена на технологии со интернационални партнери од следните области:

  • Металургија
  • Градежништво (производство и трговија со градежни материјали)
  • Производство и трговија со електрични материјали и електроника
  • Енергија и енергетика

Сите информации и формата за пријавување може да се најдат на:
http://www.enterprise-europe-network.ec.europa.eu/publicwebsite/bemt/home.cfm?eventid=2448 

Контакт лице:
Миле Шошевски, mile@mir.org.mk (+389 2 3077 008)