Јавен повик за избор на ментори за жени претприемачи

Проект: Европска мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија (new-MENTOR)

new_mentor-LOGO_grey

Проектот new-MENTOR се фокусира на воспоставување на национална мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија насочена кон поддршка на развојот на женското претприемништво и помош на жените претприемачи успешно да ги надминат предизвиците во првите години од работењето на нивните бизниси. Преку проектот менторите ќе имаат можност да се сретнат со други претприемачи-ментори од земјата, регионот и ЕУ со што се отварат можности за вмрежување и деловна соработка.

Менторите можат да бидат мажи или жени кои:
– Имаат 5 годишно искуство во поседување или успешно раководење на мало или  средно претпријатие (МСП)
– Се подготвени да го споделат своето знаење со менторираните преку средби и
консултации на волонтерска база
– Се подготвени за учество во мрежата и посветеност најмалку 12 месеци
– Се подготвени за презентирање на повратни информации како и учење од различни  групи на луѓе

Имаат познавање на специфичните предизвици со кои се соочуваат жените  претприемачи

– Поседуваат на силни интерперсонални и лидерски вештини

Предности за менторите:
– Ширење на контакти, информации и вмрежување на национално и европско ниво
– Потврда на постоечките вештини и развој на нови
– Стекнување на нови искуства и знаења
– Докажување како лидер и експерт
– Лична сатисфакција и промоција на својата работа и успех во бизнисот

Од менторот се очекува:
– Да се сретне со новите претприемачи (менторирани) еднаш месечно во текот на 12 месеци
– Да дава искрен и конструктивен совет
– Да креира сигурна зона за менторираниот слободно да зборува за проблемите и да му помогне во донесување на клучни одлуки
– Да потпише изјава за доверливост и соработка

Прилог: Апликација за ментори
Да се испрати до Фондација за менаџмент и индустриско истражување најдоцна до 09.10.2011 година, по електронски пат на mir@mir.org.mk или на факс 02 3092 814. Контакт телефон: 02 3077 008, 3092 813.

Повеќе инфромации: за проектот и за менторите.

 

Нов проект: Европска мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија (new-MENTOR)

new_mentor-LOGO_grey

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување во конзорциум со четири партнерски организации од Македонија, Фондација Бизнис Старт ап Центар (БСЦ) Битола, Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење, Фондација Евро Центар, Свети Николе и Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија започна со имплементација на проектот Европска мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија (new-MENTOR).

Проектот new-MENTOR се фокусира на воспоставување на национална мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија и помош на жените претприемачи успешно да ги надминат предизвиците во првите години од работењето на нивните бизниси. Поддршката на развојот на женското претприемништво во земјата земајќи ги предвид специфичните карактеристики на бизнисите раководени од жените претставува стратешка цел на проектот.

Проектот е насочен кон поддршка на женското претприемништво преку креирање на национална мрежа на ментори како дел од Европската мрежа на ментори за жени претприемачи (European Network of Mentors for Women Entrepreneurs).

Проектот е финансиран од Програмата за конкурентност и иновации на Европската унија и ќе трае до 2013 година.
Сите информации за активностите во рамките на проектот ќе можете да ги најдете на веб страницата на проектот која ќе биде активна од крајот на  месец септември 2011 (newmentor.mk).

Techno MATCH 2011 – Меѓународни деловни средби

На 18.10.2011 во рамки на проектот ЕИИЦМ, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во соработка со Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија организира меѓународни деловни средби – Techno MATCH 2011.

Целна група
Компании, иноватори, универзитети и останати организации активни во индустрискиот сектор заинтересирани за наоѓање на странски деловни партнери за заеднички бизнис зделки или размена на технологии.

business_meeting_large_1

Главни области
– Индустриско производство
– Производство и трговија на електрични материјали и електроника
– Производство или трговија на градежни материјали и неметали
– Енергетика
– Индустриски ИТ апликации

Придобивки и можности
– Развивање на нови меѓународни бизнис релации
– Учество во претходно договорени состаноци со потенцијалните партнери
– Наоѓање на партнери за различни облици на соработка (заедничко вложување, лиценцирање, дистрибуција, техничка соработка, производство и подизведување)
– Наоѓање на нови партнери, пазари и производи

Учеството на настанот е бесплатно. Сите подетални информации за настанот може да се најдат на интернет страницата на Techno MATCH 2011:http://www.b2match.eu/technomatch2011.

Истата воедно служи и како платформа за регистрација, креирање на профили за соработка и избирање на средби. Регистрацијата е отворена, а ќе трае до 10.10.2011.