PROCEED- меѓу најдобрите примери за проекти за еколошко работење на МСПа

Како дел од своите активности, Европската комисија ги промовираше најдобрите примери на проекти кои имаат за цел да се подобрат еколошките перформанси на мали и средни претпријатија, избрани врз основа на квалитетот на иницијативите, нивната ефективност и преносливост во други области, како и да се поттикнат  различни видови на проекти. практиките покажуваат она што е направено на национално и регионално ниво во земјите членки на ЕУ и подалеку.

Еден од промовираните најдобри практики е и проектот ПРОСИД (PROCEED). Проектот е координиран од Стопанската комора на Арад, Романија и во него учествуваат 15 организации од 12 земји, меѓу кои е и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување како претставник од Македонија.

Концептот на овој проект е да се искористи Enterprise Europe Network (EEN) за да се создаде постојана комуникациска мрежа за истражувачките резултати и практики со потекло од Централна и Источна Европа. Затоа, проектот е насочен кон поддршка, проширување и подобрување на работата на јавните и приватните истражувачи од Централна и Источна Европа.

Очекуваните резултати се насочени кон зголемена употреба на резултати од истражувањето за животната средина во МСП преку синергии со постоечките мрежи и проекти за поддршка и координацијата на истражувачки активности во доменот на животната средина низ Европа. Меѓу главните активности, се организирање на деловни средби низ Централна и Источна Европа, за поддршка на малите и средни претпријатија преку EEN организации членки, се со цел да се олесни пристапот на истите до еколошки истражувања, технологии и нови проекти. За таа цел е креирана и професионална социјална мрежа.

Повеќе информации за проектот PROCEED

Нова професионална социјална мрежа за истражувачи

Oд страна на организации од 15 европски земји (Македонија, Белгија, Унгарија, Германија, Италија, Бугарија, Латвија, Луксембург, Чешка, Словенија, Данска, Литванија, Србија, Грција и Хрватска)  се развива нова социјална мрежа на истражувачи (PROCEED RSN – Research Social Network) преку која истражувачите и компаниите од овие земји ќе разменуваат идеи, развиваат проектни апликации и создаваат различен тип на деловни партнерства.

Целта на оваа платформа е да се овозможи поблиска соработка меѓу истражувачите и организациите од Централна и Источна Европа кои се вклучени во истражувачки активности од области за заштита на животната средина, вклучувајќи идеи и технолошки решенија за намалено загадување на воздух, хемиско загадување и останати еко-иновации.

screen

Покрај можноста за кратко претставување на своите проекти, корисниците на платформата може да поставуваат слики и видео презентации за промовирање своите истражувачки резултати и да остваруваат директна комуникација со другите корисници. Одличен механизам за повратна информација на проектите е системот за нивно рангирање (до 5 ѕвезди).

Сите организации што се заинтересирани за пронаоѓање на извори на финансирање за своите истражувачки проекти, наоѓање на проверени партнери и нови можности, може да се приклучат на оваа социјална мрежа преку регистрирање на www.proceed-rsn.eu. Read more