Трибина „Промоција на мултиетничко претприемништво – И јас сум претприемач“

 

Фондација Претприемачки сервис за млади во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската унија, ги поканува сите млади претприемачи и млади луѓе кои сакаат да започнат свој бизнис, да земат учество на претстојната трибина „Промоција на мултиетничко претприемништво – И јас сум претприемач“.

  • 15-ти септември 2017 година (петок), од 12:00 до 14:00 часот, Хотел Парк, Скопје, по што ќе следи коктел за вмрежување.
  • Предност за учество ќе им се даде на кандидатите на возраст од 18 до 40 години.
  • Покана да учествуваат сите припадници на различни немнозински етнички заедници од територијата на град Скопје.
  • Официјален јазик на кампот е македонски, со можност за обезбедување превод.

Ова е прв од серијата шест настани за размена на идеи и предлози, дискусија и вмрежување, како дел од кампањата „И јас сум претприемач“ во рамки на проектот. Бројот на учесници е ограничен на 30.
Агенда:
11:30–12:00 – Регистрација на учесници
12:00–12:30 – Презентација на мултиетничка истражувачка студија за младинско претприемништво и добри пракси од граѓанскиот сектор за подобрување на мултиетничкото претприемништво
12:30–12:45 – Кратка презентација на активни мерки за самовработување и видови на поддршка (Агенција за вработување на Р. Македонија)
12.45–13.00 – Кратка презентација на добри пракси за лобирање, вмрежување и соработка на припадници на немнозинските етнички заедници (Агенција за остварување на правата на заедниците)
13:00–14:00 – Дискусија и размена на добри пракси, идеи, предлог-мерки, акции и идни чекори за стимулирање на мултиетничката соработка и младинското претприемништво
14:00–15:00 – Kетеринг и вмрежување

Зошто да учествуваш?

  • Запознавање, дискусија и вмрежување помеѓу млади претприемачи, млади луѓе што сакаат да започнат свој бизнис и претставници на релевантни институции за поддршка;
  • Унапредување на сознанијата за предлог-мерки и добри пракси наменети за раст, развој и напредок на бизнисот;
  • Размена на идеи и предлози за зголемување на ефикасноста на мерките и иницијативите за бизнис поддршка и мултиетничка соработка;
  • Фокус на перспективата и потребите на корисниците – постоечки и идни претприемачи;
  • Забава надополнета со коктел за вмрежување.

Заинтересираните кандидати треба задолжително да пополнат пријава најдоцна до 12-ти септември 2017 (вторник).

Организаторот ќе направи потесен избор на кандидати согласно пополнетите пријави и мотивацијата за учество и ќе ги извести селектираните кандидати.

Повеќе информации за учеството на трибината и за информации поврзани со проектот можете да добиете на 02 3103-660 или на olivera.aritonoska@yes.org.mk.

Проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи”, финансиран од Европската унија, го имплементираат Фондација Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Фондација Евро Центар и Здружение на граѓани Милениум.

СЕ ОДРЖА РАБОТИЛНИЦА ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ НА ОПШТИНИТЕ, БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА И НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Во Охрид на 30ти и 31ви август се одржа дводневна работилница насловена како „Вмрежување на општините, бизнис заедницата и невладините организации“ во рамки на проектот Солве ит-школа за социјално претприемништво имплементирана од организацијата Младиинфо Интернационал

На средбата учествуваа општините Чаир, Центар, бизнис компании и невладни организации од истоимените општини.

Заклучоци кои произлегоа од работилницата:

  • Овие институции во иднина треба да се трудат да наоѓаат можности за соработка особено во делот на социјалното претприемништво, како еден нов вид на претприемништво кое е актуелно во минатите години на глобално ниво.
  • Од работилницата произлезе иницијатива во која се бара од кандидатите на претстојните локални избори во своите програми да прецизираат повеќе активности, проекти и иницијативи за поддршка на социјалното претприемништво.

Овaа област претставува можност за заедничка соработка на трите сектори: општините, невладините организации и бизнис заедницата.  Воедно тоа би било основа за креирање на повеќе работни места и одржливи бизниси на локално ниво.

На овој начин со создавање на посебни програми и фондови како и со инволвираност на овие институции може многу да се влијае на подобрување на економската и бизнис климата во самите општини.

Овој проект е во рамките на проектот „Заедно за успех: Млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односни“, финансиран од  Европската Унија преку програмата ИПА – Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014, имплементиран од страна на Фондација за Претприемачки Сервис за Млади (координатор), Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Фондација Евро Центар и Здружение на граѓани Милениум.

 

Барање за понуди за експертска анализа на Поглавје 20

За потребите на проектот “Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)” финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2015, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување објавува:

БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ

за набавка на услуга – Спроведување на експертска анализа на Поглавје 20 – Претпријатија и индустриска политика

Предмет на договорот за набавка е ангажирање на надворешен експерт за спроведување на анализа на Поглавјето 20 – Претпријатија и индустриска политика за потребите на проектот YESNetwork+. Експертската анализа што е предмет на ова барање е дел од основната студија и истата треба да обезбеди длабински приказ на структурата, приоритетните области и политиките релевантни за Поглавје 20.

Повеќе информации заинтересираните понудувачи може да најдат тука.