Се одржа „Работилница за можностите за кредитирање на мали и средни претпријатија и граѓански организации при користење на средства од ЕУ“

 

На 25-ти април 2018 (среда), во просториите на Стопанската Комора во Скопје со почеток од 12 часот, беше одржана „Работилница за можностите за кредитирање на мали и средни претпријатија и граѓански организации при користење на средства од ЕУ“

Работилницата е дел од проектните активности на Проектот „ЕУ Деск за иновативни финансиски пакети за подобра искористеност на европските фондови“(EU Desk – FINA4MA) кој го реализира Фондација за развој на мали и средни претприемништва Скопје (Регионален Бизнис Центар Скопје – РЕЦС Скопје).

Истиот е  под-грант  од Проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“,  финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015, а имплементиран од страна на Фондација за Претприемачки сервис за млади (координатор), Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој „Јавор“.

На настанот земаа присуство  претставници од банки, мали и средни претпријатија и граѓанскиот сектор. Светлана Киревска, Директор на Фондација за развој на мали           и средни претприемништва ја отвори работлиницата со претставување на проектот, неговите аквности и резултати а потоа свое обраќање имаше и Проф.д-р.Зоран Шапуриќ, Министер без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните  претпријатија. Свое излгање имаше и  Проф. Јадранка Мршиќ – која преку презентација зборуваше за:

  • „Јакнење на капацитетот на малите и средните претпријатија за побрз економски раст„
  • „Банкарски ЕУ Деск и иновативни финансиски пакети за подобра искористеност на европските фондови“

Работлницата заврши со дискусија во која активно учество земаа претставници од банки, мали и средни претпријатија и граѓанскиот сектор.

Обука: Мониторинг и евалуација на политики

 

Фондација за Претприемачки сервис за млади ги поканува заинтересираните претставници на граѓански организации кои дејствуваат во полето на Поглавје 20 да учествуваат на обука на тема „Мониторинг и евалуација на политики“, која ќе се одржи на 13-ти април 2018 година (петок), од 09.00 – 17.00ч, во просториите на Стопанска Комора на Македонија (кат 5-ти, сала бр.4) во Скопје.

Пријавување на учесници на следниот линк! Рок за пријавување на учесници е 12.04.2018, до 10.00ч. За потврда на Вашето учество на обуката, ќе добиете потврда на мејл.

Агенда за обука.

На настанот ќе бидат покриени ручек и кафе паузи. Исто така проектот покрива и патни трошоци за учесници кои не се од Скопје, во висина од повратна автобуска карта по лице.

Ова е првата обука од предвидената серија на 6 еднодневни обуки кои се реализираат во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.

Останатите обуки кои ќе бидат организирани во наредниот период се на следните теми:

  • Иновациска политика и евалуација
  • Методологија за истражување на политики & креирање на документи за јавни политики
  • Дизајн на Smart Specialisation strategy
  • Циркуларна економија: политики и практики
  • Индустриска политика базирана на докази

Дел од обуките ќе ги водат странски експерти со цел трансфер на знаење и практики од Европските земји.
Проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20.

Формирана првата национална платформа „Поглавје 20“

 

Во март 2018 година, се формираше првата национална Платформа за претпријатија и индустриска политика „Поглавје 20“. Платформата е составена од 47 членки, активни актери од граѓанскиот сектор, креатори на политики и релевантни институции што дејствуваат во областите на преговарачкото поглавје 20 – Претпријатија и индустриска политика и има за цел активно да се вклучи во реформскиот процес како важен чинител во јавно-приватниот дијалог.

Платформата ќе придонесе кон активно вклучување во реформскиот процес на Поглавје 20 преку бројни активности на своите членки, ќе креира сопствен ресурсен центар со материјали релевантни за следењето на реформските приоритети на Поглавје 20, со јавно достапни ресурси, преку кои ќе се поддржи трансферот на знаење и координација помеѓу граѓанските организации и другите релевантни чинители на национално ниво. Таа активно ќе работи на јакнење на капацитетите на граѓанските организации за креирање и следење на политики, ќе организира обуки, вебинари, експертски средби, форуми за споделување на добри практики, истражувања и други активности.

Платформата цели активно и координирано да придонесе во следење и реализација на клучните реформски приоритети, преку имплементирање на активности и спроведување на анализи со препораки за подобрување на конкурентноста и иновативноста на МСП, подобрување на дијалогот со бизнис заедницата, подобрување на деловната клима за креирање на нови бизниси и обезбедување на подобар пристап до финансии.
Работата на Платформата ќе биде дефинирана со годишен Акциски план во линија со потребите утврдени од спроведената анализа на чинители во областа на Поглавје 20, а истиот ќе ги дефинира главните цели и активностите за постигнување на целите.

Платформата е формирана во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.