Фондација за менаџмент и индустриско истражување ко-организатор на Меѓународниот саем за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, отпад и вода RENEXPO®

Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување беше ко-организатор на првиот RENEXPO® саем во Македонија што се одржа на 03 и 04 декември 2019 година во Скопје, а во чии рамки посетителите има можност да се информираат за можните одржливи решенија за енергетските потреби на земјата, како и за решенија за заштита на животната средина.

Во рамките на саемот беа одржани повеќе тркалезни маси на теми поврзани со енергетската ефикасност, беа изложени иновативни решенија на компании од секторот и беа организирани б2б средби за вмрежување на компании. Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во рамки на своите активности како дел од Enterprise Europe Network во Македонија беше задолжена за организирање на б2б средбите коишто овозможија поврзување, размена на искуства и договорање на деловна соработка помеѓу над 50 компании од Македонија, Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Албанија, Србија, Турција и Црна Гора.

Во склоп на саемот Фондацијата исто така ја организираше и работилницата за ,,Правата од интелектуална сопственост и користење на природните ресурси” којашто им овозможи на македонските компании поблиску да се запознаат со различните видови права од интелектуална сопственост со посебен осврт на современите текови, искуства и примери за воспоставување, одржување и заштита на права од индустриска сопственост поврзани со енергијата од различни видови, енергетската ефикасност, управувањето со водни ресурси и начини на ефикасно искористување на истите, управување со отпад.

Саемот со конференциите и б2б средбите допринесоа со своите содржини и структура да ги приближат поблиску темите за енергетска ефикасност, отпад и вода притоа поставувајќи го овој настан меѓу најзначајните манифестациии во регионот во оваа област.

Излез на нови пазари: Текстилната компанија ИСТ Комерц Санда се прошири на британскиот пазар

ИСТ КОМЕРЦ – САНДА е една од водечките компании во текстилната индустрија во нашата земја.  Основана е во 1991 година како здружение за производство на женски хулахопки и изработка на производи под приватни брендови и е препознатлива како компанија што континуирано ги следи модните трендови, како и потребите и желбите на клиентите. Компанијата станува клиент на Enterprise Europe Network во 2018 година како резултат на соработката на мрежата во Македонија со Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер, еден од важните локални соработници на мрежата. Благодарение на секторската група на мрежата за текстил и мода компанијата ИСТ Комерц Санда стапува во контакт со повеќе потенцијални партнери од странство. Една од тие компании е и британската компанија The Milky Tee Company Ltd, специјализирана за производство на практична, удобна и стилизирана облека што на мајките им го олеснува процесот на доење.

Двете компании воспоставија успешна соработка за производство на нов и уникатен дизајн на маица со скриен патент изработен според највисоките стандарди за квалитет на текстилот. Се очекува во иднина компаниите да ја прошират соработката и на дизајн на нови модели на облека што ќе се пласираат на британскиот, но и пошироко на европскиот пазар.

Enterprise Europe Network ни овозможува секојдневно да нé контактираат партнери за соработка од цела Европа. Би сакала да ја издвојам мобилната апликација на мрежата наречена „Ино Биз“ преку која на едноставен начин имаме преглед на сите настани од секторот во кој работиме и преглед на сите партнерски профили во полето на текстилната индустрија. Преку мрежата имаме можност лесно да се пласираме на странските пазари, а тоа е една од главните цели на нашата компанијата“, изјави Маријана Перковска, директорка на компанијата ИСТ Комерц – Санда.