Работилница: Еколошка ознака, управување со отпад и видови отпад

we-een_LOGO

На 06.12. (четврток) во хотелот Континентал, се одржa работилница на тема: Еколошка ознака, управување со отпад и видови отпад. Работилницата  беше наменета за мали и средни претпријатија од Македонија.

На работилницата беа опфатени следните теми од областа на еколошко  работење на МСПа: еколошка ознака, видови на отпад и  општи правила за постапување со отпад, водење на  евиденција на отпад и  управител со отпад,  дозволи за управување со отпад, стратегија за управување со отпад  и инспекциски надзор.