Работилница: Mожности за подобрување на еколошките перформанси на малите и средни претпријатија

Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, во рамките на проектот GREEN организира работилница на тема: Mожности за подобрување на еколошките перформанси на малите и средни претпријатија (09:30 – 12:30/ 23 март 2012 петок), во Стопанска Комора на Македонија. Работилницата е наменета за претставници од мали и средни претпријатија од Македонија. Работилницата за претпријатијата е бесплатна.

      ТЕМИ:

1.       Можности за следење на информации и технологии од областа на животна средина на регионално и европско ниво (ECO-INNO CENTRE)

2.       Подобрување на продуктивност, намалување на трошоци за енергија и осигурување, компатибилност со законската регулатива – ISO 14001

3.       Подобро еколошко работење, пристап до нови пазари, зголемен кредибилитет кај европски партнери – EMAS

4.       Проект GREEN резултати и идни планови

Работилницата ќе биде од интерактивен карактер со практични и применливи информации и претставува одлична можност за размена на искуства и контакти за идна соработка..

Работилницата е организирана во соработка со FOOD CONSULTING – друштво за консултантски услуги

Контакт информации и пријавување:

За да се пријавите за учество пополнете ја пријавата која ќе ја најдете тука и испратете ја на emilija@mir.org.mk.

Контакт за повеќе информации: Емилија Велковска тел. 02 3077 008/ 02 3092 813

Рокот за пријавување на учество е до 22.03.2012 (четврток).