Промотивен настан за старт на националната мрежа на ментори за жени претприемачи

Промотивниот настан за официјално отпочнување на националната мрежа, дел од Европската мрежа на ментори за жени претприемачи беше одржан во ресторанот Пуже, Св.Николе, простор во кој се направи одлична хармонија помеѓу европската димензија на проектот и македонската традиција. Официјалниот почеток на менторските релации беше означен со доделувањето на сертификатите од Европската Комисја на менторите од Македонија и потпишувањето на договорите за доверливост и соработка меѓу менторите и менторираните. Им посакуваме плодна и успешна работа.