Работилница: Eнергетска ефикасност и енергетско сертифицирање на згради

Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ) организира
 РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА:
Eнергетска ефикасност и енергетско сертифицирање на згради
10:30 – 13:00/ 06 декември  2011 (Вторник), Стопанска Комора на Македонија, Скопје
За кого е наменета работилницата:
Работилницата  е наменета за претставници од сите претпријатија кои сакаат да се информираат за или да имплементираат енергетска ефикасност во своите објекти, како и  за претпријатија кои нудат поддршка при имплементација на енергетска ефикасност и заштита на животна средина.
Обуката за претпријатијата е бесплатна.

green_5

Кои теми ќе бидат опфатени:
·          Европски директиви и законодавна регулатива поврзана со енергетска ефикасност на згради
·          Eнергетска ефикасност на згради, биоклиматски дизајн
·          Ефикасни системи за греење, климатизација и вентилација
·          Влијанието врз животната средина при изведба на енергетски ефикасни објекти и годишните емисии на  CO2
·          Опрема која се користи за изработка на енергетски прегледи
Методологија:
Работилницата ќе биде од интерактивен карактер со практични и применливи информации.
Контакт информации и пријавување:
Контакт лице: Емилија Велковска, emilija@mir.org.mk, тел. 02 3077 008/ 02 3092 813
Рокот за пријавување за учество на настанот е до 05.12.2011 (Понеделник).

АГЕНДА

ПРИЈАВА