Потпишани договори за грантирање во рамките на конкурсот на Мрежата за поддршка на млади претприемачи

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување ги потпиша договорите за грантирање со Здружението Конечанка, Конче и Волонтерски Центар Скопје.  Двете здруженија се помеѓу деветте организации чии проекти ќе бидат финансирани во рамките на Конкурсот за доделување грантови за финансирање на проекти на граѓански организации во областа на претприемништвото за млади за 2015 година објавен од страна на Мрежата за поддршка на млади претприемачи.  Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување дел од Мрежата за поддршка на млади претприемачи, ќе ја следи имплементацијата на овие два проекти.

Главната цел на проектот “Предизвици и можности за руралната жена” на Здружението Конечанка, Конче е поттикнување и промовирање на женското рурално претприемништво, бизнис иницијативи и самовработување кај младите невработени жени, на локално/рурално ниво. Предвидени се обуки, размена на искуства, организација на етно-базар и изработка на веб страна за промоција од областа. Волонтерски центар Скопје ќе изработи локална стратегија за претприемничко учење за општина Кисела Вода.

Им посакуваме успешна работа и остварување на целите.

Конкурсот за доделување грантови за финансирање на програми и проекти на граѓански организации во областа на претприемништвото за млади за 2015 година, беше објавен на 3-ти април 2015 година од страна на Мрежата за поддршка на млади претприемачи, беа добиени повеќе од 60 проектни апликации од граѓанските организации од сите региони на Македонија. Комисијата за евалуација на проектите прифати девет проектни апликации чии активности ќе бидат финансирани, а вкупната сума на финансирање изнесува 24,000 евра. Повеќе за Мрежата за поддршка на млади претприемачи и останатите проекти финансирани во рамките на конкурсот може да добиете на в  еб страната на Мрежата yes-network.org.