Брошури за иновации за мали и средни претпријатија (МСП)

 

  1. Водичот за иновации за мали и средни претпријатија (МСП) обезбедува информации за основните алатки што се применуваат во разните МСП за поддршка на иновациите. Притоа, не се фокусираме на искусни експерти од областа на истражувањето и развојот (И&Р), туку на персоналот во МСП (менаџерите на човечки ресурси, лица одговорни за развој на производи или процеси и сл.), а кој е неопходно да ги познава основите на една успешна иновациска практика. Се фокусираме на лица кои не го поседуваат севкупното познавање на многуслојниот иновациски процес, но кои сакаат или мораат да сознаат нешто повеќе.Следствено, водичот ги адресира потребите на услужниот персонал и маркетинг-персоналот, студентите или консултантите кои можат да го користат како „џебен прирачник“ при нивната формална и неформална едукација во области поврзани со економијата и иновациите. Бизнис-консултантите можат да го користат како дополнителна алатка при поддршката на нивните клиенти, а и нивните клиенти можат да добијат генерална претстава за процесот на иновации токму преку примената на овој водич.Креирањето на овој водич е поддржано од страна на проектот „Јaкнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од Европската унија, во рамките на програмата ИПА за јакнење на конкурентноста на националната економија, а имплементиран од страна на Фондацијата за Претприемачки сервис за млади во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и АРК Фонд од Бугарија.

    Публикацијата е достапна на следниот линк : Брошура_водич за иновации
    2. Финансирање иновации  – Водич за мали и средни претпријатија обезбедува информации за изворите на финансирање (внатрешни и надворешни),со фокус на информации за  Европските и Националните извори на финансирање. Финансиите играат клучна улога во развојот на иновациите, бидејќи им овозможуваат на компаниите да спроведуваат истражувања, да ги усвојат потребните технологии за иновациска дејност, како и да ги развијат и да ги комерцијализираат иновациите. Компаниите можат да користат различни инструменти обезбедени од различни видови на финансиски посредници, инвеститори или друг тип организации, за да ги финансираат иновациските активности. Пристапот до надворешни извори на финансирање често е предизвик во раните фази на развојот на бизнисот, бидејќи во оваа фаза компаниите се соочуваат со високи бариери за пристап до финансии, особено затоа што им недостигаат соодветни финансиски резултати.

    Публикацијата е достапна на следниот линк : Брошура_финансирање иновации

Проектот се стреми да придонесе кон креирање на силна иновациска клима во државата преку промовирање на концептот на иновативни бизниси. Преку пакетот алатки понуден во рамките на проектот ќе се подобри конкурентноста на МСП и ќе се стимулираат нивните капацитети за преземање и реализација на иновациски проекти.

Алатките креирани во рамките на проектот вклучуваат:

  • онлајн-курс за иновациски менаџмент со материјали за учење и мултимедиумски елементи;
  • водич со основни алатки за поддршка на иновации кај МСП;
  • водич со можности за финансирање иновации кај МСП; и
  • прва мобилна апликација што ќе ги информира компаниите за понудата и побарувачка на иновативни технологии на светско ниво и олеснет трансфер на иновативни технологии.

Проектот ќе вклучи и градење на капацитетите за иновации и пристап до финансии преку пилотирање на онлајн-курсот за иновациски менаџмент, обука за европската програма „Хоризонт 2020“ за компании, како и обуки за заштита на интелектуална сопственост. Како дел од проектот ќе бидат спроведена и национална медиумска кампања за промовирање на иновациската дејност проследена со доделување на национална награда за најдобрите иновативни компании („Innovation Enterprise Award“).

 

 

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *