Лансирана мобилна апликација за бизнис можности „ИноБиз“

Креирана е бесплатната мобилна апликација „ИноБиз“ која има за цел да им помогне на македонските компании да пронајдат странски партнери за бизнис соработка, трансфер на технологии и учество во проекти за истражување и развој. Ова апликација е изработена како дел од проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“ кој се имплементира од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР).

Компаниите преку мобилната апликација ќе бидат во тек со сите случувања во областа на иновациите и технолошкиот развој, ќе добиваат известувања за отворени повици за финансирање, барања од странски компании за соработка како и можности за учество на конференции и настани за вмрежување. Покрај тоа, апликацијата содржи и ресурсен центар кој ќе им понуди на компаниите корисни содржини за подигнување на нивните капацитети за иновации како и можност за проценка на степенот на технолошка подготвеност преку прашалникот за технолошки аудит.

Проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“ е финансиран од Европската Унија и имплементиран од страна на Фондација за Претприемачки сервис за млади (ПСМ) во партнерство со МИР Фондација и АРК Фонд од Бугарија и има за цел да придонесе кон креирање на силна иновациска клима во државата преку промовирање на концептот на иновативни бизниси.

Мобилната апликација е достапна за Android и iPhone мобилни телефони и може да се симне од следниве линкови:

https://play.google.com/store/apps/details?id=com.innomsp.eumk (Android)

https://itunes.apple.com/us/app/inno-msp-mk/id1439369459?mt=8 (iPhone)

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *