Работилница на тема: Правата одинтелектуална сопственост и користење на природните ресурси

Правата од интелектуална сопственост и користење на природните ресурси

(во областите обновлива енергија, енергетска ефикасност, управување со води и управување со отпад)

Датум: 3ти декември (вторник) 2019 || Локација: хотел Александар Палас, Скопје  || Предавач: М-р Маја Бариќ


Enterprise Europe Network во Македонија ги поканува сите компании кои работат во областите обновлива енергија, енергетска ефикасност, управување со води и управување со отпад да земат учество на работилницата за Правата од интелектуална сопственост и користење на природните ресурси која ќе се одржи на 3ти декември во хотел Александар Палас во Скопје со почеток од 13:00 часот.

Работилницата ќе  овозможи вовед во права од интелектуална сопственост и права од индустриска сопственост во следните области: енергетски дејности, енергетска ефикасност, управување со води и управување со отпад. Работилницата е дел од меѓународниот саем за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, отпад и вода RENEXPO®.

Се повикуваат сите заинтересирани компании кои сакаат да учествуваат на работилницата да го пријават своето присуство преку пополнување на формулар за учество на следниот линкБројот на учесници е ограничен.

Предавач: М-р Маја Бариќ е правник со повеќегодишно  искуство во приватен и јавен сектор во повеќе области на правото и секако во областа на правата од интелектуална сопственост. Со повисоко академско звање Магистер по правни науки по европско право – право од интелектуална сопственост  се стекнува на Правниот факултет при Универзитетот Стокхолм (2009/10, Стокхолм, Шведска). Поседува специфично искуство во работа во приватниот сектор како адвокат и консултант за правни и развојни прашања.

Учеството на работилницата е бесплатно.

Лице за контакт и повеќе информации:

Емилија Андонова, emilija.adnonova@mir.org.mk, телефон 02 3108 891, Фондација за менаџмент и индустриско истражување – Скопје.

Агенда -Работилница за Правата од ИС

0 replies

Leave a Reply

Want to join the discussion?
Feel free to contribute!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *