Општество за сите, работно место за сите ( SFA)
Одделенијата на Синтеф, Норвешка: Технологија и општество и Истражување во област на здравје во соработка со Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување разви планови за пилот фаза на проект за подобрување на условите за работа и можностите на пазарот за труд за лицата со посебни потреби.
Значајни партнери во истражувањето се Факултетот за дефектологија (УКИМ), Полио Плус и Министерството за труд и социјална политика.
Општа цел на пилот фазата е допринос кон социјалната инклузија на лицата со посебни потреби во Македонија. Документацијата/резултатите од пилот фазата ќе послужат за понатамошни истражувања и активности за подобрување на работните услови з алицата со посебни потреби. Проектот има за цел и да се подигне свеста за важноста на поврзувањето меѓу академијата, здруженијата на лицата со посебни потреби и властите при градење стратегии за подобрување на работните услови и права на лицата со посебни потреби.
Резултатите од оваа пилот студија се објавени во публикацијата Општество за сите, Пилот студија за вработување и работните услови за лицата со посебни потреби во Македонија.
Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Норвешка.