ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

    Се стремиме да го поттикнеме брзиот економски развој на земјата преку поддршка на постојните бизниси и поттикнување на растот на нови бизниси. Со нашите советодавни услуги и програми за претприемништво и стручна обука имаме за цел да:

    –          Придонесеме кон развојот на македонскиот МСП сектор

    –          Го поддржиме развојот на претприемачкото општество

    –          Промовираме можности за доживотно учење, едукација и тренинг како основа за вработување и економски прогрес.

    Иницираме проекти и обезбедуваме советодавни услуги за унапредување на перформансите и конкурентноста на македонскиот МСП сектор кој претставува носител на националната економија и обезбедува најголем број на вработувања. Развојот на овој сектор во голема мерка зависи од поединците кои имаат бизнис идеи и се спремни да преземат ризик. Го поддржуваме развојот на претприемачкото општество преку креирање на претприемачка култура помеѓу различни општествени групи. Со комбинирање на бизнис обуките и практичните курсеви го промовираме неформалното учење како еден од двигателите на економскиот развој.

    ИНФОРМАЦИИ & СОВЕТИ

    Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување обезбедува услуги и поддршка на компаниите за зголемување на нивната продуктивност и конкурентност. За постојните и идните извозници, нудиме информации и совети за раст преку зголемена интернационализација.  Повеќе >>

    ПРОГРАМА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО

    Нашата програма за претприемништво има за цел да го поддржи креирањето и растот на нови компании, да го поттикне женското претприемништво и претприемништвото за млади, и да ја зголеми претприемачката активност во земјата. Програмата обезбедува директна поддршка … Повеќе >>

    ПРОГРАМА ЗА СТРУЧНА ОБУКА

    Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување нуди тренинг курсеви за бизнис и менаџерски развој наменети за компании и претприемачи заинтересирани за алатки и техники кои ќе им овозможат … Повеќе >>

    Најнови вести

    Повеќе

    Последни проекти

    Повеќе

    Европската мрежа на ментори за жени претприемачи newMentor

    Европската мрежа на ментори за жени претприемачи е една од акциите предложени во прегледот на Актот за мали претпријатија за Европа од 2011 година.

    Мрежата покрива 17 држави (Албанија, Белгија, Кипар, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Македонија, Црна Гора, Холандија, Романија, Србја, Словачка, Словенија, Шпанија, Турција и Велика Британија).

    new_mentor-LOGO_grey

    Проектот new-Mentor се фокусира на воспоставување на национална мрежа на ментори за жени претприемачи во Македонија насочена кон поддршка на развојот на женското претприемништво и помош на жените претприемачи успешно да ги надминат предизвиците во првите години од работењето на нивните бизниси. Стратешка цел на проектот е поддршка на развојот на женското претприемништво во земјата земајќи ги предвид специфичните карактеристики на бизнисите раководени од жените.

    Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување е национален координатор на проектот и на мрежата на ментори за жени претприемачи во Македонија.

    Пректот е ко-финансирани од програмата за Конкурентност и иновации на Европската комисија.

     Повеќе >>>

    Мали и средни претпријатија – Конкурентност преку вмрежување  (SME-COMNET)

     Проектот има за цел да обезбеди, со помош на вмрежување, технолошка соработка помеѓу македонските и европските мали и средни претпријатија и да ја зголеми конкурентноста на домашниот и странскиот пазар со подобрување на интерните врски преку фокусирање на:

    • Ланец на вредности:  стратегиски предизвици, дизајн на структура на ланец на вредности во работата на МСП,оперативност – работење, мерење на перформанси на ланец на вредности.

    • Логистика на производство – системи на производство, распоред, магацинско работење, квалитет итн.

    • Транспортни предизвици –  интерни и екстерни

    SME-COMNET се состои од 4 главни компоненти:

    • Осврт кон перспективите на ланецот на вредности (соработка на компании во заеднички ланец на вредности)

    • Проекти за унапредување на ниво на компанија (интеграција на ланец на вредности)

    • Воведување на МИС- Менаџмент информациони системи (ERP, DRP, MRP)

    • Креирање на знаења преку кластерско работење

    SINTEF_logo_SME-COMNET_small

    Поради својата додадена вредност во секторот на мали и средни претпријатија, проектот е признаен од релевантни владини тела, како начин да се надополни празнината во делот на стручна поддршка во делокругот на логистиката, како една од алките за поддршка на конкурентност на македонските МСПа.

    Проектот е финанисран од Министерството за надворешни работи на Норвешка.

    Повеќе >>>

    Претприемачки сервис за млади ПСМ

    Генералната цел на проектот е да го го зајакне развојот на секторот на мали и средни претпријатија и да го премости јазот помеѓу постоечката понуда на образовните институции и потребите на бизнис заедницата.

    ПСМ проектот преку своите активности, тренинзи за претприемништво, годишен бизнис план натпревар, бизнис инкубатор за ИКТ индустрија,  поддржува креирање на нови претпријатија (од бизнис идеја до целосна деловна реализација) од страна на  младите образувани луѓе од Македонија.

    YES_LOGO_small

    Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување учествува во изведувањето на пилот фазата на проектот со цел утврдување на постоечките иницијативи за поддршка на претприемништвото во Македонија и координирање на активностите на проектот со останатите институции кои делуваат во истата област. Проектниот тим составен од експерти од СИНТЕФ Норвешка, Фондацијата Отворено Општество Македонија (ФИООМ) и Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување посети релевантни владини институции со цел стекнување на владина поддршка и изнаоѓање на можна локација за сместување на ПСМ инкубаторот.

    Со цел понатамошна имплементација на ПСМ проектот како и  управување на ПСМ инкубаторот, ФМИР заедно со ФИООМ ја основа ПСМ Фондацијата.

    Проектот е поддржан од Министерството за Надворешни работи на Норвешка. Повеќе >>>