20130621-Social-business-future-1

ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Се стремиме да го поттикнеме брзиот економски развој на земјата преку поддршка на постојните бизниси и поттикнување на растот на нови бизниси.

Со нашите советодавни услуги и програми за претприемништво и стручна обука имаме за цел да:

–          Придонесеме кон развојот на македонскиот МСП сектор

–          Го поддржиме развојот на претприемачкото општество

–          Промовираме можности за доживотно учење, едукација и тренинг како основа за вработување и економски прогрес.

Иницираме проекти и обезбедуваме советодавни услуги за унапредување на перформансите и конкурентноста на македонскиот МСП сектор кој претставува носител на националната економија и обезбедува најголем број на вработувања. Развојот на овој сектор во голема мерка зависи од поединците кои имаат бизнис идеи и се спремни да преземат ризик. Го поддржуваме развојот на претприемачкото општество преку креирање на претприемачка култура помеѓу различни општествени групи. Со комбинирање на бизнис обуките и практичните курсеви го промовираме неформалното учење како еден од двигателите на економскиот развој.

ИНФОРМАЦИИ & СОВЕТИ

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување обезбедува услуги и поддршка на компаниите за зголемување на нивната продуктивност и конкурентност. За постојните и идните извозници, нудиме информации и совети за раст преку зголемена интернационализација.

  • Менаџмент – Стратегија & советодавни услуги

Обезбедуваме советодавни услуги, специјалистичка експертиза и вмрежување со цел компаниите да ги развијат и имплементираат нивните развојни планови. Ова го овозможуваме преку обезбедување на пристап до интерни и екстерни советници и експерти од приватниот сектор во Македонија и странство.

  • Продуктивност – Градење на конкурентност

Работиме со компаниите при идентификација и мерење на показателите на конкурентност, воведуваме најдобри практики и обезбедуваме пристап до низа алатки за градење на конкурентност, вклучувајќи алатки за lean &  операциски менаџмент.

  • Поддршка на извозот – Информации & совети

Посветени сме на поддршката на развојот на силен извозно ориентиран деловен сектор преку обезбедување на флексибилни решенија согласно потребите на компаниите. Нашите услуги за поддршка на интернационализацијата вклучуваат: проверка на ризиците за извозниците, истражување на пазари, интернационални бизнис партнерства, и бизнис настани и мисии.

ПРОГРАМА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Нашата програма за претприемништво има за цел да го поддржи креирањето и растот на нови компании, да го поттикне женското претприемништво и претприемништвото за млади, и да ја зголеми претприемачката активност во земјата. Програмата обезбедува директна поддршка за забрзување на растот на нови бизниси и развој на вештини и контакти кои им се неопходни на претприемачите за да успешно го започнат и унапредат својот бизнис.

  • Програма за започнување на бизнис

Нашиот тим обезбедува практична поддршка и советодавни услуги на претприемачите кои поседуваат идеа за иновативен производ, услуга или технологија, со потенцијал за интернационализација и креирање на нови работни места.

  • Програма за бизнис инкубација

Им помагаме на младите претприемачи со иновативни идеи од областа на информатичко комуникациските технологии да започнат сопствен бизнис во рамките на нашиот бизнис инкубатор.

  • Менторска програма

Менторските услуги се наменети за младите претприемачи заинтересирани да го унапредат своето знаење и вештини. Преку 30 ментори, искусни деловни луѓе и експерти од Македонија и странство, може да им помогнат на претприемачите во различни области од бизнисот.

  • Жени претприемачи – специјализирана старт-ап поддршка

За да се поттикне женското претприемништво и развојот на бизнисите управувани од страна на жени претприемачи, неопходен е специјализиран пристап фокусиран на поддршка, личен развој и можности за деловно поврзување.

ПРОГРАМА ЗА СТРУЧНА ОБУКА

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување нуди тренинг курсеви за бизнис и менаџерски развој наменети за компании и претприемачи заинтересирани за алатки и техники кои ќе им овозможат поефективно работење и постигнување на деловни резултати на домашен и меѓународен пазар.

За таа цел, ги обезбедуваме следните тренинг програми:

–          Менаџмент тренинг програма за зголемена продуктивност и иновативност

–          Обуки за продажба за унапредување на вештини за меѓународна продажба

–          Тренинг курс „Започнување на бизнис„ за потенцијални претприемачи

–          Тренинг курсеви во специјализирани области како што се: животна средина, интелигентна енергија и енергетска ефикасност, ИКТ вештини, интелектуална сопственост и проектен менаџмент.

Најнови вести

  • Склучен договор за соработка помеѓу Стопанска комора на Македонија – Турција и Enterprise Europe Network во МакедонијаOctober 18, 2019 - 2:33 pm

    На 17ти октомври 2019 година во просториите на Стопанската комора на Македонија – Турција беше потпишан договор за соработка со Enterprise Europe Network во Македонија. Претставникот на мрежата, Александар Филипоски, ги презентираше можностите за интернационализација кои се нудат преку сервисите на мрежата и се достапни за македонски мали и средни претпријатија. Компаниите кои беа присутни […]

  • EДЕН РЕГИОН – ЕДНА МРЕЖASeptember 14, 2019 - 2:27 pm

    Одржана 11-та регионална конференција на Enterprise Europe Network во Белград, Србија На 11 и 12 септември 2019 г. во Белград се одржа регионална конференција на Enterprise Europe Network со претставници од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија, Србија и Црна Гора. За време на дводневната конференција претставниците од регионот имаа можност да разменат искуства како […]

  • Можност да се поврзете со успешни бизниси предводени од жени низ цела ЕвропаJuly 3, 2019 - 10:03 am

      Секторската групата за женско претприемништво како дел од мрежата Enterprise Europe Network ги поддржува и ги оспособува жените во бизнисот, ja гради и ja зајакнува нивната мрежа низ сектори, преку границите во Европа и во светот. Голем број на активности и акции се започнати со цел да се охрабрат жените претприемачи да започнат свој […]

  • ФИНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА “ВАЖНОСТА НА ПОГЛАВЈЕ 20 ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН ЕУ”April 25, 2019 - 1:37 pm

        На 08-ми мај со почеток во 11:30 часот во хотел „Солун“ во Скопје ќе се одржи финална конференција на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на поглавје 20“, финансиран од Европската унија. Целта на финалната конференција е да ги сумира резултатите и придобивките од проектот, како и да придонесе за […]

  • Отворени информативни денови за конкурс „Иновативно претпријатие на годината“March 21, 2019 - 9:46 am

    Фондацијата Претприемачки Сервис за Млади организира информативни настани за избор на „Иновативно претпријатие на година“, дел од проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“. Информативните настани ќе се одржат на следниве датуми: – 5ти април – Штип – 10ти април – Скопје – 12ти април – Охрид Националниот […]