ИСТРАЖУВАЊЕ И ИНОВАЦИИ

Одржливиот економски раст во голема мера зависи од степенот на инвестиции во технологии, истражување и иновации. За таа цел, имаме развиено концепти за истражување & развој наменети за:

–          Поттикнување и промовирање на трансферот на технологии и иновации

–          Поддршка на истражувањето и технолошкиот развој

–          Подобрување на иновацискиот систем на национално и регионално ниво

Работиме со компаниите од генерирањето на една иновативна идеа до нејзина трансформација во технолошки заснован бизнис. Нашите услуги за трансфер на технологии и поддршка на иновациите креираат додадена вредност за компаниите и ја зголемуваат нивната конкурентност. Поддржуваме локални иновациски проекти и развој на нови технологии за подобро технолошко општество. Нашите истражувачки активности генерираат решенија за потребите на МСПа и останатите целни групи.

ТРАНСФЕР НА ТЕХНОЛОГИИ & ПОДДРШКА НА ИНОВАЦИИ

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување обезбедува информации и совети кои им овозможуваат на компаниите да лиценцираат или набават иновативна технологија, да ги идентификуваат нивните технолошки потреби или предности, да ги унапредат иновативноста и вештините за менаџмент на ИС.  Повеќе >>>

ПРИМЕНТО ИСТРАЖУВАЊЕ & ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА

Од 2002та година работиме на унапредување на профитабилноста на бизнисите. Соработуваме со компаниите и локалните заедници за да им помогнеме да просперираат и растат. Со нашите методи засновани на истражување, им помагаме на компаниите и локалните стејкхолдери да ги достигнат своите развојни цели. Повеќе >>>

Најнови вести

Повеќе

Последни проекти

Повеќе

Европски информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ)

ЕИИЦМ е дел од Enterprise Europe Network, најголемата мрежа за поддршка на мали бизниси во Европа. ЕИИЦМ работи на зголемување на иновативноста и конкурентноста на нејзините клиенти (МСПа, истражувачи) како и на промоција и поддршка на иновативните активности во земјата.

Дел од услугите кои ги нуди се поврзување на претпријатијата, трансфер на технологија, услуги од областа на интелектуална сопственост, поддршка на иновации, поддршка за учество во европските програми за истражување и развој, советодавни услуги за извоз и настап на странски пазари.

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување е одговорна за пружање на услуги од областите на  иновации и технологија и активно учествува во различни иницијативи поврзани со овие области во замјата и на европско ниво. Со користење на најголемата европска база на врвни технологии, која содржи повеќе од 23 000 профили, Фондацијата го олеснува трансферот на технологии помеѓу клиентите од Македонија и странство.

Logo-NET-MAC[1]_smallEnterprise Europe Network е мрежа на околу 600 организации кои работат во областа на поддршка на бизниси во повеќе од 50 држави. Организациите се поврзани преку голема  дата база и ги одлично ги познаваат условите за водење бизнис низ цела Европа. Мрежата претставува важен инструмент на европската политика за иновации додека нејзините центри функционираат во рамките на националните иновациски системи.  Мрежата има

секторски групи кои организираат брокерски настани со цел трансфер на технологии или потпишување на договори за сорабока помеѓу претпријатија од различни сектори. Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување учествува во секторските групи Интелигентна енергија и Женско претприемништво.

Проектот е поддржан од Програмата за конкурентност и иновации на Европската унија и Владата на Република Македонија.

 

Повеќе >>>

EEN

Промоција и координација на истражувања во областа на животна средина за одржлив развој во централана и источна Европа PROCEED

Проектот се фокусира на дисеминација на пракси и резултати и од истражувања во областа на животната средина кои потекнуваат од земјите од Централна и Источна Европа, со цел да ги поттикнат овие земји да ги користат истите и да учествуваат на повеќе истражувачки проекти преку научна и технолошка соработка со други европски партнери.

Областите на истражување на кои ќе се фокусира проектот се загадување на воздух, загадување од хемиската индустрија и технологии од областа на животната средина. Партнерите ќе креираат дата база на сите иновативни истражувачки пракси во рамките на животната средина кои потекнуваат од земјите од Централна и Источна Европа и ќе направат SWOT анализа на постоечките канали и алатки кои се користат за дисеминација на резултати со фокус на научните институти, креаторите на политики и индустријата.

Proceed_LOGO_small

Проектот го имплементират партнери од 9 држави од Централна и Источна Европа (6 нови членки на ЕУ и 3 држави кои потпишале договори за асоцијација)и  3 ЕУ 15 членки. Сите 12 држави се претставени со по барем една членка на Enterprise Europe Network ЕЕN, која ќе биде главниот комуникациски канал, преку своите 600 членки присутни во Европа и пошироко (Кина и САД) и широката мрежа на контакти и партнери. Партнерите ќе вклучат и други членки на EEN , национални контакт точки за Седмата рамковна програма и други релевантни иницијативи од оваа програма со цел да создадат интегриран комуникациски канал.

Проектот е финансиран од Седмата рамковна програма на Европската унија.  Повеќе >>>

PROCEED

Мали и средни претпријатија- Применето истражување и Технологија (SME-ART)

Проектот се засонова на холистички пристап во решавањето на потребите на секторот на мали и средни претпријатија во Македонија каде што СИНТЕФ, Норвешка, Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување и академијата во соработка со релевантни владини институции и избрани МСПа се стремат за подобра поддршка на реструктуирањето на домашниот сектор на мали бизниси

Основните карактеристики на проектот се одржлив економски развој, холистички пристап при поддршка на МСПа, градење на капацитети во МСПата и универзитетите, регионална и меѓународна соработка.

sme-art_LOGO_small

Повеќе од 20  претпријатија се вклучени во проектот и извршени се 44 проекти за подобрување базирани на применето истражување и развој. Развојот на компаниите вклучува широк спектар на работа вклучувајќи подобрувања на производствените системи, развој на нов производ, пазар и анализа на пазар, менаџмент на иновации, е-бизнис, тренинзи на различни теми кои имаат за цел јакнење на капацитеите на МСПата исл.

Програмата за поврзување на МСПа исто така е дел од проектот и има за  цел воспоставување соработка помеѓу претпријатијата од Норвепка и Македонија.

Проектоте е поддржан од Министерството за надворешни работи на Норвешка. Повеќе >>>