women_in_business_1

ИСТРАЖУВАЊЕ И ИНОВАЦИИ

Обезбедуваме услуги за поддршка на иновации и решенија за унапредено технолошко општество. Придонесуваме кон одржливиот развој преку истражување и трансфер на технологии.

Одржливиот економски раст во голема мера зависи од степенот на инвестиции во технологии, истражување и иновации. За таа цел имаме развиено концепти за истражување & развој наменети за:

–          Поттикнување и промовирање на трансферот на технологии и иновации

–          Поддршка на истражувањето и технолошкиот развој

–          Подобрување на иновацискиот систем на национално и регионално ниво

Работиме со компаниите од генерирањето на една иновативна идеа до нејзина трансформација во технолошки заснован бизнис. Нашите услуги за трансфер на технологии и поддршка на иновациите креираат додадена вредност за компаниите и ја зголемуваат нивната конкурентност. Поддржуваме локални иновациски проекти и развој на нови технологии за подобро технолошко општество. Нашите истражувачки активности генерираат решенија за потребите на МСПа и останатите целни групи.

ТРАНСФЕР НА ТЕХНОЛОГИИ & ПОДДРШКА НА ИНОВАЦИИ

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување обезбедува информации и совети кои им овозможуваат на компаниите да лиценцираат или набават иновативна технологија, да ги идентификуваат нивните технолошки потреби или предности, да ги унапредат иновативноста и вештините за менаџмент на ИС.

  • Бизнис можности засновани на иновации

Им помагаме на компаниите да ги идентификуваат нивните иновативни можности и технолошко ниво преку изведување на технолошки и иновациски аудити и проверки на спремност за иновации. Нашиот тим е специјализиран за креирање на врска помеѓу стратегијата и технологиите, поддржано со големо познавање од различни технолошки области и пазарните можности за секторите во кои делуваме.

  • Enterprise Europe Network услуги

Enterprise Europe Network претставува извор на информации за меѓународно достапни нови технологии. Обединува над 600 организации од преку 50 земји од Европа и пошироко. Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување е одговорна за услугите за трансфер на технологии во рамките на Enterprise Europe Network во Македонија. Ако една компанија има потреба:

–          од идентификување на технологии достапни за лиценцирање, или

–          е заинтересирана за лиценцирање на сопствена иновативна технологија, или

–          има прашања поврзани со најдобри пракси за искористување на интелектуална сопственост (ИС)

тогаш нашиот тим за трансфер на технологии може да помогне.  Нашиот тим поседува експертиза и значително искуство во воспоставување на технолошки партнерства, лиценцирање и трансфер на технологии.

  • Услуги за заштита на правата од ИС

Веруваме дека знаењето за тоа како да се управува интелектуалната сопственост и правата поврзани со истата е основен предуслов за иновативност и конкурентност. Ги советуваме компаниите како да ги заштитат интересите при лиценцирање на технологии и како да управуваат со ИС. Ние сме дел од тимот на амбасадори на IPR Helpdesk на Европската Унија.

ПРИМЕНТО ИСТРАЖУВАЊЕ & ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА

Од 2002та година работиме на унапредување на профитабилноста на бизнисите. Соработуваме со компаниите и локалните заедници за да им помогнеме да просперираат и растат. Со нашите методи засновани на истражување, им помагаме на компаниите и локалните стејкхолдери да ги достигнат своите развојни цели.  Приходите од нашите договорни истражувања се реинвестираат во нови истражувања, развој на нови алатки и компетенции на тимот.

  • Индустриско истражување

Обезбедуваме применето истражување, едукација и техничка поддршка на македонската индустрија во следните области: унапредување на финансиска перформанса; унапредени инженерски способности; производствена извонредност; и унапредена тимска перформанса.

  • Истражувачки студии

Специјализирани сме во изведување на студии за изводливост, проценка на потреби и евалуација. Им помагаме на различни стејкхолдери при креирањето на нивниот планови за трансформација преку компаративни анализи, социјални студии и специфични секторски студии.

Најнови вести