ЖИВОТНА СРЕДИНА

Заштитата на животната средина претставува еден од најголемите предизвици на денешницата. Промовирањето на одржливиот еколошки развој и интелигентното користење на енергијата се едни од нашите цели. Ние ја поддржуваме зелената економија преку еко-иновации и услуги од областа на животната средина со цел генерирање на бизнис можности од еколошките предизвици. Енергетската ефикасност и заштедите на енергија се од витално значење за заштита на животната средина, а воедно се едни од најмоќните и најефективните начини за постигнување на енергетски одржлива иднина. Ги поддржуваме акциите насочени кон заштита на животната средина преку енергетско ефикасни производи и практики.

ЦЕНТАР ЗА ЕКО-ИНОВАЦИИ

Во рамките на нашата организација работи центар за еко-иновации кој изведува активности за следење на технологии комбинирани со директна асистенција во различни области на животната средина. Инфо дескот и дескот за совети заедно со специјализираните тренинг курсеви имаат за цел да обезбедат информации и советодавни услуги за нови технологии, извори на финансирање, легислатива и компетенции & вештини.  Повеќе >>

УСЛУГИ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА & ЕЕ

Нашите советодавни услуги им овозможуваат на компаниите да ја унапредат еколошката и енергетската перформанса, да ги намалат трошоците и да пристапат до зелените пазари. Им помагаме на компаниите да воведат одржливи практики во секојдневното работење. Унапредената перформанса води кон зголемена ефикасност на ресурсите и директни заштеди, а може да го зголеми и пристапот кон клиенти кои бараат еколошки и енергетско ефикасни производи и услуги.   Повеќе >>

Најнови вести

Повеќе

Последни проекти

Повеќе

Wizard of the environment: the Enterprise Europe Network (WE-EEN)

Проектот има за цел да го поттикне пружањето на услуги од областа на животна средина преку Enterprise Europe Network.

WEEEN се фокусира на три клучни сектори: управување со отпад, површинска обработка и производство на електронски и електрични компоненти.

Преку услуги од областа на животна средина и локални договори за соработка  ќе се стреми кон двојна цел, намалување на влијанието врз животната средина и зголемување на профитабилноста на малите и средни претпријатија.

we-een_LOGO

Проектот покрива голема територија (10 земји партнери), со што регионите каде што технологијата и експертизата се повеќе развиени се поврзуваат со региони каде што бесплатни услугите од областа на животна средина не се лесно достапни, како на пример на Балконот вклучувајќи ги и Словенија и Романија. Партнерите на проектот (технолошки и истражувачки институти, стопански комори) се членови на Enterprise Europe Network и се организации кои можат да им помогнат на малите и средни претпријатија при исполнување на барањата од европската легислатива од областа на животна средина.

Проектниот конзорциум е воден од Union Camere Veneto, Италија и е составен од партнери од: Италија, Романија, Грција, Бугарија, Словенија, Црна Гора, Србија, Германија и Македонија (Фондација за менаџмент и индустриско истражување).

Проектот е финансиран од Програмата за конкурентност и иновации на Европската унија. Повеќе >>>

WE-EEN

Greening business through the Enterprise Europe Network (GREEN)

Целта на проектот  е подобрување на еколошкото работење на европските мали и средни претпријатија од прехранбената и индустријата за градежни материјали.  Активностите на проектот се насочени кон поддршка на Enterprise Europe Network во пружање на првични услуги од областа на животна средина во наведените сектори.

GREEN ќе основа мрежа на локални системи за координација на давателите на услуги од областа на животна средина со цел да им обезбедат на МСПата бесплатна или ефтина услуга, со поддршка од локалната администрација, бизнис асоцијациите и релевантни стејкхолдери.

Ефективнос на системот ќе се обезбеди со потпишување на локални договори за соработка.  Проектниот конзорциум е составен од стопански комори, технолошки и истражувачки центри кои го имаат потребното знаење од клучните области на проектот и ќеобезбедат учество на претпријатија.

Green_LOGO_small

Партнерството на  GREEN е отворено за сите членки на EEN и нуди можности за заеднички обуки и дисеминиација.  Сите документи и методологии ќе бидат достапни на веб комуникациска платформа со цел да се максимизира влијанието на европско ниво.  Одржливоста на активностите ќе се постигне преку потпишување на договор со членки на EEN од други држави.

Проектот е финансиран од Програмата за конкурентност и иновации на Европска Унија. Повеќе >>>

GREEN