Slide background

ЖИВОТНА СРЕДИНА

Ја поддржуваме зелената економија преку еко-иновации, услуги од областа на животната средина, и интелигентно користење на енергијата и енергетско ефикасни производи & практики

Заштитата на животната средина претставува еден од најголемите предизвици на денешницата. Промовирањето на одржливиот еколошки развој и интелигентното користење на енергијата се едни од нашите цели. Ние ја поддржуваме зелената економија преку еко-иновации и услуги од областа на животната средина со цел генерирање на бизнис можности од еколошките предизвици. Енергетската ефикасност и заштедите на енергија се од витално значење за заштита на животната средина, а воедно се едни од најмоќните и најефективните начини за постигнување на енергетски одржлива иднина. Ги поддржуваме акциите насочени кон заштита на животната средина преку енергетско ефикасни производи и практики.

ЦЕНТАР ЗА ЕКО-ИНОВАЦИИ

Во рамките на нашата организација работи центар за еко-иновации кој изведува активности за следење на технологии комбинирани со директна асистенција во различни области на животната средина. Инфо дескот и дескот за совети заедно со специјализираните тренинг курсеви имаат за цел да обезбедат информации и советодавни услуги за нови технологии, извори на финансирање, легислатива и компетенции & вештини.

УСЛУГИ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА & ЕЕ – Градење на зелени и одржливи бизниси

Нашите советодавни услуги им овозможуваат на компаниите да ја унапредат еколошката и енергетската перформанса, да ги намалат трошоците и да пристапат до зелените пазари. Им помагаме на компаниите да воведат одржливи практики во секојдневното работење. Унапредената перформанса води кон зголемена ефикасност на ресурсите и директни заштеди, а може да го зголеми и пристапот кон клиенти кои бараат еколошки и енергетско ефикасни производи и услуги.