ОПШТЕСТВО

Социјалната кохезија преставува еден од основните двигатели на економскиот развој и одржливиот раст. Справувањето со дискриминацијата и социјалната ексклузија на пазарот на труд, како и имплементацијата на иницијативи за зголемено вработување и едукација после задолжителното образование, се дел од нашите приоритети. Се фокусираме на:

  • Справување со социјалната ексклузија и дискриминација на пазарот на труд
  • Промовирање на родова еднаквост, интеграција и различност во општество за сите.

СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА

Имплементираме проекти и истражувачки студии за зголемена социјална инклузија во општеството, со особен фокус на пазарот на труд, бизнис секторот и пристапот до вештини и едукација. Нашите активности се фокусираат на:

–          Развој на социјалното претприемништво во земјата

–          Вклучување на пазарот на труд на помалку застапените групи

–          Тренинг програми за невработени лица

–           Унапредување на вештините на целните групи како што се младите, жените, возрасните и лицата со хендикеп.  Повеќе >>

ЛОКАЛЕН СОЦИО-ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Соработуваме со локалните власти и останатите стејкхолдери при развојот и имплементацијата на локални развојни планови. Ја користиме нашата техничка експертиза при дизајн и имплементација на анализа на потребите за обука и на мерки за поддршка на економскиот развој. Заедно со нашите партнери работиме на:

–          Истражувања и анализи на пазарот на труд

–          Локални планови за вработување, вклучувајќи мерки за поддршка

–         Креирање на социо-едукативни центри.  Повеќе >>

Најнови вести

Повеќе

Последни проекти

Повеќе

Општество за сите, работно место за сите (SFA)

Одделенијата на Синтеф, Норвешка: Технологија и општество и Истражување во област на здравје во соработка со Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување разви планови за пилот фаза на проект за подобрување на  условите за работа и можностите на пазарот за труд за лицата со посебни потреби.

Значајни партнери во истражувањето се Факултетот за дефектологија (УКИМ), Полио Плус и Министерството за труд и социјална политика.

SINTEF_logo_SME-COMNET_small

Општа цел на пилот фазата е  допринос кон социјалната инклузија на лицата со посебни потреби во Македонија. Документацијата/резултатите од пилот фазата ќе послужат за понатамошни истражувања и активности за подобрување на работните услови з алицата со посебни потреби. Проектот има за цел и да се подигне свеста за важноста на поврзувањето меѓу академијата, здруженијата на лицата со посебни потреби и властите при градење стратегии за подобрување на работните услови и права на лицата со посебни потреби.

Резултатите од оваа пилот студија се објавени во публикацијата Општество за сите, Пилот студија за вработување и работните услови за лицата со посебни потреби во Македонија.

Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Норвешка. Повеќе >>>