GlobalHnads_1

ОПШТЕСТВО

Ја промовираме социјалната кохезија преку поттикнување на социјалното претприемништво, имплементација на иницијативи за зголемено вработување и едукација после задолжителното образование.

Социјалната кохезија преставува еден од основните двигатели на економскиот развој и одржливиот раст. Справувањето со дискриминацијата и социјалната ексклузија на пазарот на труд, како и имплементацијата на иницијативи за зголемено вработување и едукација после задолжителното образование, се дел од нашите приоритети. Се фокусираме на:

–          Справување со социјалната ексклузија и дискриминација на пазарот на труд

–          Промовирање на родова еднаквост, интеграција и различност во општество за сите

СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА

Имплементираме проекти и истражувачки студии за зголемена социјална инклузија во општеството, со особен фокус на пазарот на труд, бизнис секторот и пристапот до вештини и едукација. Нашите активности се фокусираат на:

–          Развој на социјалното претприемништво во земјата

–          Вклучување на пазарот на труд на помалку застапените групи

–          Тренинг програми за невработени лица

–          Унапредување на вештините на целните групи како што се младите, жените, возрасните и лицата со хендикеп.

ЛОКАЛЕН СОЦИО-ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Соработуваме со локалните власти и останатите стејкхолдери при развојот и имплементацијата на локални развојни планови. Ја користиме нашата техничка експертиза при дизајн и имплементација на анализа на потребите за обука и на мерки за поддршка на економскиот развој. Заедно со нашите партнери работиме на:

–          Истражувања и анализи на пазарот на труд

–          Локални планови за вработување, вклучувајќи мерки за поддршка

–          Креирање на социо-едукативни центри.