ПРОЕКТИ

businessmen and Reaching images streaming

ПРОЕКТИ

ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈНИ ПРОЕКТИ

Hiscox-Now-Offers-an-Insurance-Product-Catered-Towards-Architects-Engineers-and-Design-Professionals_2

Европската мрежа на ментори за жени претприемачи new-Mentor

Европската мрежа на ментори за жени претприемачи newMentor

Европската мрежа на ментори за жени претприемачи е една од акциите предложени во прегледот на Актот за мали претпријатија за Европа од 2011 година.

Мрежата покрива 17 држави (Албанија, Белгија, Кипар, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Македонија, Црна Гора, Холандија, Романија, Србја, Словачка, Словенија, Шпанија, Турција и Велика Британија)Повеќе >>>

Мали и средни претпријатија – Конкурентност преку вмрежување (SME-COMNET)

Мали и средни претпријатија – Конкурентност преку вмрежување  (SME-COMNET)

 Проектот има за цел да обезбеди, со помош на вмрежување, технолошка соработка помеѓу македонските и европските мали и средни претпријатија и да ја зголеми конкурентноста на домашниот и странскиот пазар со подобрување на интерните врски преку фокусирање на:

• Ланец на вредности:  стратегиски предизвици, дизајн на структура на ланец на вредности во работата на МСП,оперативност – работење, мерење на перформанси на ланец на вредности.

• Логистика на производство – системи на производство, распоред, магацинско работење, квалитет итн.

• Транспортни предизвици –  интерни и екстерни.  Повеќе >>>

Претприемачки сервис за млади ПСМ

Претприемачки сервис за млади ПСМ

Генералната цел на проектот е да го го зајакне развојот на секторот на мали и средни претпријатија и да го премости јазот помеѓу постоечката понуда на образовните институции и потребите на бизнис заедницата.

ПСМ проектот преку своите активности, тренинзи за претприемништво, годишен бизнис план натпревар, бизнис инкубатор за ИКТ индустрија,  поддржува креирање на нови претпријатија (од бизнис идеја до целосна деловна реализација) од страна на  младите образувани луѓе од Македонија. Повеќе >>>

ИСТРАЖУВАЧКИ И ИНОВАТИВНИ ПРОЕКТИ

9c2464a5d959bb3d1f7d4316e1738b84_2

Европски информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ)

Европски информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ)

ЕИИЦМ е дел од Enterprise Europe Network, најголемата мрежа за поддршка на мали бизниси во Европа.

ЕИИЦМ работи на зголемување на иновативноста и конкурентноста на нејзините клиенти (МСПа, истражувачи) како и на промоција и поддршка на иновативните активности во земјата.  Дел од услугите кои ги нуди се поврзување на претпријатијата, трансфер на технологија, услуги од областа на интелектуална сопственост, поддршка на иновации, поддршка за учество во европските програми за истражување и развој, советодавни услуги за извоз и настап на странски пазари. Повеќе >>>

Промоција и координација на истражувања во областа на животна средина за одржлив развој во централана и источна Европа PROCEED

Промоција и координација на истражувања во областа на животна средина за одржлив развој во централана и источна Европа PROCEED

Проектот се фокусира на дисеминација на пракси и резултати и од истражувања во областа на животната средина кои потекнуваат од земјите од Централна и Источна Европа, со цел да ги поттикнат овие земји да ги користат истите и да учествуваат на повеќе истражувачки проекти преку научна и технолошка соработка со други европски партнери.  Повеќе >>>

Мали и средни претпријатија- Применето истражување и Технологија (SME-ART)

Мали и средни претпријатија- Применето истражување и Технологија (SME-ART)

Проектот се засонова на холистички пристап во решавањето на потребите на секторот на мали и средни претпријатија во Македонија каде што СИНТЕФ, Норвешка, Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување и академијата во соработка со релевантни владини институции и избрани МСПа се стремат за подобра поддршка на реструктуирањето на домашниот сектор на мали бизниси

Основните карактеристики на проектот се одржлив економски развој, холистички пристап при поддршка на МСПа, градење на капацитети во МСПата и универзитетите, регионална и меѓународна соработка. Повеќе >>>

ПРОЕКТИ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

bigstock-Modern-Office-Interior-3195044

WE-EEN Wizard of the environment: the Enterprise Europe Network

WE-EEN Wizard of the environment: the Enterprise Europe Network 

Проектот има за цел да го поттикне пружањето на услуги од областа на животна средина преку Enterprise Europe Network. WEEEN се фокусира на три клучни сектори: управување со отпад, површинска обработка и производство на електронски и електрични компоненти. Преку услуги од областа на животна средина и локални договори за соработка  ќе се стреми кон двојна цел, намалување на влијанието врз животната средина и зголемување на профитабилноста на малите и средни претпријатија.  Повеќе >>>

Greening business through the Enterprise Europe Network (GREEN)

Greening business through the Enterprise Europe Network (GREEN)

Целта на проектот  е подобрување на еколошкото работење на европските мали и средни претпријатија од прехранбената и индустријата за градежни материјали.  Активностите на проектот се насочени кон поддршка на Enterprise Europe Network во пружање на првични услуги од областа на животна средина во наведените сектори.

GREEN ќе основа мрежа на локални системи за координација на давателите на услуги од областа на животна средина со цел да им обезбедат на МСПата бесплатна или ефтина услуга, со поддршка од локалната администрација, бизнис асоцијациите и релевантни стејкхолдери. Ефективнос на системот ќе се обезбеди со потпишување на локални договори за соработка.  Повеќе >>>

ОПШТЕСТВЕНИ ПРОЕКТИ

society_1

Општество за сите, работно место за сите (SFA)

Општество за сите, работно место за сите (SFA)

Одделенијата на Синтеф, Норвешка: Технологија и општество и Истражување во област на здравје во соработка со Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување разви планови за пилот фаза на проект за подобрување на  условите за работа и можностите на пазарот за труд за лицата со посебни потреби.

Значајни партнери во истражувањето се Факултетот за дефектологија (УКИМ), Полио Плус и Министерството за труд и социјална политика.  Повеќе >>>