Greening business through the Enterprise Europe Network (GREEN)

Целта на проектот  е подобрување на еколошкото работење на европските мали и средни претпријатија од прехранбената и индустријата за градежни материјали.  Активностите на проектот се насочени кон поддршка на Enterprise Europe Network во пружање на првични услуги од областа на животна средина во наведените сектори.

GREEN ќе основа мрежа на локални системи за координација на давателите на услуги од областа на животна средина со цел да им обезбедат на МСПата бесплатна или ефтина услуга, со поддршка од локалната администрација, бизнис асоцијациите и релевантни стејкхолдери.

Ефективност на системот ќе се обезбеди со потпишување на локални договори за соработка.

gren-header

Проектниот конзорциум е составен од стопански комори, технолошки и истражувачки центри кои го имаат потребното знаење од клучните области на проектот и ќеобезбедат учество на претпријатија.

Партнерството на  GREEN е отворено за сите членки на EEN и нуди можности за заеднички обуки и дисеминиација.  Сите документи и методологии ќе бидат достапни на веб комуникациска платформа со цел да се максимизира влијанието на европско ниво.  Одржливоста на активностите ќе се постигне преку потпишување на договор со членки на EEN од други држави.

Проектот е финансиран од Програмата за конкурентност и иновации на Европска Унија.