Европската мрежа на ментори за жени претприемачи newMentor

Eвропската мрежа на ментори за жени претприемачи е една од акциите предложени во прегледот на Актот за мали претпријатија за Европа од 2011 година.

Мрежата покрива 17 држави (Албанија, Белгија, Кипар, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Македонија, Црна Гора, Холандија, Романија, Србја, Словачка, Словенија, Шпанија, Турција и Велика Британија).

Проектот new-Mentor се фокусира на воспоставување на национална мрежа на ментори за жени претприемачи во

new_mentor-LOGO_grey

Македонија насочена кон поддршка на развојот на женското претприемништво и помош на жените претприемачи успешно да ги надминат предизвиците во првите години од работењето на нивните бизниси. Стратешка цел на проектот е поддршка на развојот на женското претприемништво во земјата земајќи ги предвид специфичните карактеристики на бизнисите раководени од жените.

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување е национален координатор на проектот и на мрежата на ментори за жени претприемачи во Македонија.

Пректот е ко-финансирани од програмата за Конкурентност и иновации на Европската комисија.