Промоција и координација на истражувања во областа на животна средина за одржлив развој во централана и источна Европа PROCEED

Проектот се фокусира на дисеминација на пракси и резултати и од истражувања во областа на животната средина кои потекнуваат од земјите од Централна и Источна Европа, со цел да ги поттикнат овие земји да ги користат истите и да учествуваат на повеќе истражувачки проекти преку научна и технолошка соработка со други европски партнери.

Областите на истражување на кои ќе се фокусира проектот се загадување на воздух, загадување од хемиската индустрија и технологии од областа на животната средина. Партнерите ќе креираат дата база на сите иновативни истражувачки пракси во рамките на животната средина кои потекнуваат од земјите од Централна и Источна Европа и ќе направат SWOT анализа на постоечките канали и алатки кои се користат за дисеминација на резултати со фокус на научните институти, креаторите на политики и индустријата.

proenvi_logo

Проектот го имплементират партнери од 9 држави од Централна и Источна Европа (6 нови членки на ЕУ и 3 држави кои потпишале договори за асоцијација)и  3 ЕУ 15 членки. Сите 12 држави се претставени со по барем една членка на Enterprise Europe Network ЕЕN, која ќе биде главниот комуникациски канал, преку своите 600 членки присутни во Европа и пошироко (Кина и САД) и широката мрежа на контакти и партнери. Партнерите ќе вклучат и други членки на EEN , национални контакт точки за Седмата рамковна програма и други релевантни иницијативи од оваа програма со цел да создадат интегриран комуникациски канал.

Проектот е финансиран од Седмата рамковна програма на Европската унија.