Мали и средни претпријатија- Применето истражување и Технологија (SME-ART)

    Проектот се засонова на холистички пристап во решавањето на потребите на секторот на мали и средни претпријатија во Македонија каде што СИНТЕФ, Норвешка, Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување и академијата во соработка со релевантни владини институции и избрани МСПа се стремат за подобра поддршка на реструктуирањето на домашниот сектор на мали бизниси

    Основните карактеристики на проектот се одржлив економски развој, холистички пристап при поддршка на МСПа, градење на капацитети во МСПата и универзитетите, регионална и меѓународна соработка.

    Повеќе од 20  претпријатија се вклучени во проектот и извршени се 44 проекти за подобрување базирани на применето истражување и развој. Развојот на компаниите вклучува широк спектар на работа вклучувајќи подобрувања на производствените системи, развој на нов производ, пазар и анализа на пазар, менаџмент на иновации, е-бизнис, тренинзи на различни теми кои имаат за цел јакнење на капацитеите на МСПата исл.

    Програмата за поврзување на МСПа исто така е дел од проектот и има за  цел воспоставување соработка помеѓу претпријатијата од Норвепка и Македонија.

    Проектоте е поддржан од Министерството за надворешни работи на Норвешка.

    sme-art_LOGO_small