Мали и средни претпријатија – Конкурентност преку вмрежување  (SME-COMNET)

Проектот има за цел да обезбеди, со помош на вмрежување, технолошка соработка помеѓу македонските и европските мали и средни претпријатија и да ја зголеми конкурентноста на домашниот и странскиот пазар со подобрување на интерните врски преку фокусирање на:

• Ланец на вредности:  стратегиски предизвици, дизајн на структура на ланец на вредности во работата на МСП,оперативност – работење, мерење на перформанси на ланец на вредности.

• Логистика на производство – системи на производство, распоред, магацинско работење, квалитет итн.

• Транспортни предизвици –  интерни и екстерни

SME-COMNET се состои од 4 главни компоненти:

• Осврт кон перспективите на ланецот на вредности (соработка на компании во заеднички ланец на вредности)

• Проекти за унапредување на ниво на компанија (интеграција на ланец на вредности)

• Воведување на МИС- Менаџмент информациони системи (ERP, DRP, MRP)

• Креирање на знаења преку кластерско работење

SINTEF_logo_SME-COMNET_small

Поради својата додадена вредност во секторот на мали и средни претпријатија, проектот е признаен од релевантни владини тела, како начин да се надополни празнината во делот на стручна поддршка во делокругот на логистиката, како една од алките за поддршка на конкурентност на македонските МСПа.

Проектот е финанисран од Министерството за надворешни работи на Норвешка.