WE-EEN Wizard of the environment: the Enterprise Europe Network

Проектот има за цел да го поттикне пружањето на услуги од областа на животна средина преку Enterprise Europe Network. WEEEN се фокусира на три клучни сектори: управување со отпад, површинска обработка и производство на електронски

we-een_LOGO

и електрични компоненти. Преку услуги од областа на животна средина и локални договори за соработка  ќе се стреми кон двојна цел, намалување на влијанието врз животната средина и зголемување на профитабилноста на малите и средни претпријатија.

Проектот покрива голема територија (10 земји партнери), со што регионите каде што технологијата и експертизата се повеќе развиени се поврзуваат со региони каде што бесплатни услугите од областа на животна средина не се лесно достапни, како на пример на Балконот вклучувајќи ги и Словенија и Романија. Партнерите на проектот (технолошки и истражувачки институти, стопански комори) се членови на Enterprise Europe Network и се организации кои можат да им помогнат на малите и средни претпријатија при исполнување на барањата од   европската легислатива од областа на животна средина.

Проектниот конзорциум е воден од Union Camere Veneto, Италија и е составен од партнери од: Италија,  Романија, Грција, Бугарија, Словенија, Црна Гора, Србија, Германија и Македонија (Фондација за Менаџмент и индустриско истражување).

Проектот е финансиран од Програмата за конкурентност и иновации на Европската унија.