Претприемачки сервис за млади ПСМ

Генералната цел на проектот е да го го зајакне развојот на секторот на мали и средни претпријатија и да го премости јазот помеѓу постоечката понуда на образовните институции и потребите на бизнис заедницата.

ПСМ проектот преку своите активности, тренинзи за претприемништво, годишен бизнис план натпревар, бизнис инкубатор за ИКТ индустрија,  поддржува креирање на нови претпријатија (од бизнис идеја до целосна деловна реализација) од страна на  младите образувани луѓе од Македонија.

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување (ФМИР) учествува во изведувањето на пилот фазата на проектот со цел утврдување на постоечките иницијативи за поддршка на претприемништвото во Македонија и координирање на активностите на проектот со останатите институции кои делуваат во истата област. Проектниот тим составен од експерти од СИНТЕФ Норвешка, Фондацијата Отворено Општество Македонија (ФИООМ) и Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување посети релевантни владини институции со цел стекнување на владина поддршка и изнаоѓање на можна локација за сместување на ПСМ инкубаторот.

YES_LOGO_small

Со цел понатамошна имплементација на ПСМ проектот како и  управување на ПСМ инкубаторот, ФМИР заедно со ФИООМ ја основа ПСМ Фондацијата.

Проектот е поддржан од Министерството за Надворешни работи на Норвешка.