Европски информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ)

 ЕИИЦМ е дел од Enterprise Europe Network, најголемата мрежа за поддршка на мали бизниси во Европа. ЕИИЦМ работи на зголемување на иновативноста и конкурентноста на нејзините клиенти (МСПа, истражувачи) како и на промоција и поддршка на иновативните активности во земјата.  Дел од услугите кои ги нуди се поврзување на претпријатијата, трансфер на технологија, услуги од областа на интелектуална сопственост, поддршка на иновации, поддршка за учество во европските програми за истражување и развој, советодавни услуги за извоз и настап на странски пазари.

Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување е одговорна за пружање на услуги од областите на  иновации и технологија и активно учествува во различни иницијативи поврзани со овие области во замјата и на европско ниво. Со користење на најголемата европска база на врвни технологии, која содржи повеќе од 23 000 профили, Фондацијата го олеснува трансферот на технологии помеѓу клиентите од Македонија и странство.

Enterprise Europe Network е мрежа на околу 600 организации кои работат во областа на поддршка на бизниси во повеќе од 50 држави. Организациите се поврзани преку голема  дата база и ги одлично ги познаваат условите за водење бизнис низ цела Европа. Мрежата претставува важен инструмент на европската политика за иновации додека нејзините центри Logo-NET-MAC[1]_smallфункционираат во рамките на националните иновациски системи.  Мрежата има секторски групи кои организираат брокерски настани со цел трансфер на технологии или потпишување на договори за сорабока помеѓу претпријатија од различни сектори. Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување учествува во секторските групи Интелигентна енергија и Женско претприемништво.

Проектот е поддржан од Програмата за конкурентност и иновации на Европската унија и Владата на Република Македонија.