Препознавањето и заштитата на правата од интелектуална  сопственост е еден од основните елементи за зајакнување на конкурентноста на претпријатието и една од неговите најголеми вредности.

Основното познавање и информирање за правата од интелектуална сопственост може во голема мера да им помогне на претпријатијата да започнат постапка за заштита и ефикасно искористување на своите права.

Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување, во рамките на проектот Европски информативен и иновативен центар во Македонија ја издаде брошурата “Основи на интелектуална сопственост за мали и средни претпријатија”,  со цел да им даде воведни информации на младите претпријатија за тоа што претставува, какво е значењето на интелектуалната сопственост и каде да се обратат доколку сакаат да ги заштитат своите права. Брошурата се фокусира на правата од индустриска сопственост, чија заштита е од особено значење за претпријатијата  и влијае на зголемување на вредноста на нивната вредност и остварување на поголем профит.

intelegentnaenregija

proverkanarizici

opstestvozasite

tendernik

ipr_procceed

mentor_priracnik

priracnik_newmentor

ekoloski_aspekt

upravuvanje_so_otpad

zlatnakinga_inovacii