Фондација за Менаџмент и индустриско истражување во рамките на ЕИИЦМ проектот изработи лифлет за македонските претпријатија и ентитети што работат во областа на енергетиката насловен како Интелигентна енергија во Европа. Целта на оваа публикација е да обезбеди преглед на европските програми и останатите иницијативи за поддршка на градењето на партнерства, експертизи и истражувачки активноста во областа на енергетиката и енергетската ефикасност.

Европски програми што поддржуваат проекти од областа на енергетиката, а се од интерес за македонските претпријатија се Програмата за конкурентност и иновативност (ЦИП) и 7мата Рамковна Програма (ФП7) за истражување и развој.

Потпрограмата на ЦИП насловена како Интелигентна Енергија Европа иако сеуште недостапна за македонските ентитети е од особен интерес поради широката лепеза на активности што се поддржуваат како и поради можноста за нејзино скоро отворање и за македонските претпријатија. ФП7 поддржува различни научно-истражувачки проекти и е целосно достапна за различните истражувачко ориентирани организации во Македонија.

Останатите релевантни иницијативи вклучуваат мали фондови за организација на работилници, финансирање на градење на транс-национални мрежи, размена на искуства и сл. Дополнително, дадена е информација и за два корисни интернет портали за организациите што работат во областа на енергетиката (BUILD UP and Managenergy). Истите обезбедуваат преглед на пракси, политики и програми на европски ниво како и информација за можни обуки и професионална надградба на т.н. менаџери на енергија.

proverkanarizici

opstestvozasite

tendernik

iprEIICM

ipr_procceed

mentor_priracnik

priracnik_newmentor

ekoloski_aspekt

upravuvanje_so_otpad

zlatnakinga_inovacii