Фондацијата за Менаџмент и индустриск0 истражување во рамки на ЕИИЦМ проектот, а со поддршка на Амбасадата на Кралството Норвешка во Македонија изработи брошура за македонските извозно ориентирани претпријатија насловена како – Проверка на извозни ризици. Светските пазари се отвораат, границите се бришат и слободното движење на стока, услуги, капитал и идеи ги спои различните економии како никогаш досега. Сето ова ја доближува надворешната трговија до претприемачот и ја прави поизводлива за претпријатијата од сите големини.

Сепак, во споредба со продажбата на домашниот пазар, извозот може да биде многу покомплициран и понепредвидлив потфат, а последиците од неправилното инвестирање можат да бидат многу поголеми. Заради тоа, на претпријатијата што се во рана фаза на извоз, како и на претпријатијата што сакаат да го зголемат своето надворешно трговско работење, им се препорачува да ги препознаат и анализираат трговските ризиците и несигурности со цел да ги намалат преку добро планирање.

 

Брошурата Проверка на извозни ризици е подготвена со цел да им помогне на претпријатијата што се во почетнa фазa на извоз и да обезбеди преглед на критичните точки поврзани со извозните активности (а, делумно и со увозните).

Брoшурата Проверка на извозни ризици содржи општи информации за секоја обработена тема што овозможуваат подобро запознавање со областа пред да се изврши проверката на соодветните ризици. Проверката треба да биде извршена со списокот на проверка што следи по секоја тема. Врз основа на одговорите што се добиени од списокот на проверка ќе може да се изврши анализа, што ќе покаже дали приоритетите поставени за избраниот пазар за извоз се правилно поставени или треба да бидат сменети. Анализата, исто така, обезбедува основа за составување план за акција што, меѓу другото, може да се користи и понатаму интерно во претпријатието.

Други публикации ...

opstestvozasite

iprEIICM

tendernik

ipr_procceed

priracnik_newmentor

mentor_priracnik

ekoloski_aspekt

upravuvanje_so_otpad

zlatnakinga_inovacii

intelegentnaenregija