Пилот студијата Општество за сите е имплементирана од страна на Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Sintef Health, Факултетот за дефектологија (УКИМ), Полио Плус и Фондацијата Институтот Отворено Општество (ФИИОМ).

Во развојот и имплементацијата на студијата беа вклучени и Министерството за труд и социјална политика на Р. Македонија и Агенцијата за заштитни друштва. Општа цел на студијата беше да се допринесе за социјалната инклузија на лицата со посебни потреби во Македонија.

Посебни цели на студијата се да добие документација врз основа на истражување за вработувањето и условите за работа за лицата со посебни потреби во Македонија и да се подигне свеста за важноста на поврзувањето меѓу академијата, здруженијата на лицата со посебни потреби и властите при градење стратегии за подобрување на работните услови и права на лицата со посебни потреби.
Резултатите од оваа пилот студија се објавени во Општество за сите, Пилот студија за вработување и и работните услови за лицата со инвалидност во Македонија.

proverkanarizici

intelegentnaenregija

iprEIICM

tendernik

ipr_procceed

mentor_priracnik

priracnik_newmentor

ekoloski_aspekt

upravuvanje_so_otpad

zlatnakinga_inovacii