ТЕМА 2: Функционирање на Enterprise Europe Network

Enterprise Europe Network / VISIBILITY & PARTNERSHIP_EEN-VP

Модулот за обука на амбасадорите на Enterprise Europe Network е направен од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, а во рамките на проектот EEN-VP, како дел од повикот за Local visibility action.

( со клик на сликата се движите по слјадовите )

    logo-een_trasparent

    Интерното работење или работа на Мрежата преставува сет на активности и задачи на институциите, партнерските организации и вработените кои треба да се остварат за да и овозможат на Мрежата да функционира. Ги опфаќа релациите помеѓу партнерите во конзорциумот, вработените и организациите членки.  Станува збор за 600 партнерски организации во преку 50 земји со околу 4500 вработени и преставува големина каде внатрешната комуникација, соработка и размена на податоци е структурирана и точно дефинирана. Употребата на ИКТ алатки е темелот на интерното работење. Особено голема важност се придава на интранетот преку што се одвива севкупната комуникација и размена на податоци помеѓу сите субјекти во Мрежата.

    Колкав процент од МСП директно имаат зголемен годишен обрт поради соработката со ЕЕН Мрежата?

     
     
     
     
     
    Работењето со клиенти е всушност основната дејност и целта на постоењето на Мрежата. Контакт со клиенти, бази на податоци, клиентски бази на профили, настани, обуки, вмрежување, информирање и советување се дел од активностите кои се остваруваат во насока на поддршка на малиот бизнис. Сите тие активности се дефинирани со програми и правила на остварување. Поради тоа, покрај Кодексот на однесување, големо внимание се посветува на обука на кадарот во Мрежата, во насока на професионално и стручно работење со клиентите .

    Колку настани има органзирано ЕЕН мрежата од 2008 година досега?
     
     
     
     
    Има за цел да помогне во зголемување на визуелното на Мрежата преку помош на партнерите во насока на унапредување на комуникацијата и градење на комуникацијата со клиентите и релевантните субјекти. Ги управува интерните алатки и канали за комуникација  на Мрежата кон партнерите. Користи широк спектар на алатки за промоција и комуникација со надворешните субјекти, како социјални медиуми, интернет портали, настани, успешни приказни, релевантни промотори и публикации. ОД аспект на маркетинг го управува брендот на Мрежата во целина.

    Колкав процент од клиентите успеваат да најдат нов бизнис партнер преку активностите и услугите на Мрежата во Европа?
     
     
     
     
    Покрај земјите од Европа во Enterprise Europe Network учествуваат и трети земји како асоцијативни членки на мрежата, како на пример САД, Русија, Кина, Индија, Бразил, Канада, Чиле, и Јужна Кореја.

    Колку локални партнерски организации се вклучени во ЕЕН?

     
     
     
     
     
    Enterprise Europe Network или Европска мрежа на претпријатија  постои со цел да помогне на малите и средни претпријатија да настапат и да ги искористат можностите што ги нуди Европскиот пазар.

    Мрежата преку различни активности обезбедува деловни партнерства, информирање и експертски советувања, а со тоа да им овозможи на компаниите да бидат конкурентни преку иновирање и унапредување на своето работење.

    Целта на Европската комисија е да креира економија базирана на  иновативност и знаење, креирајќи конкурентност и просперитет на пазарите, притоа инвестирајќи во економски динамичната иднина.

    Дали Enterprise Europe Network или Европска мрежа на претпријатија преставува најголемата мрежа на контактни центри во Европа?
     
     
    Европскиот пазар, преставува вистински бизнис потенцијал, но од друга страна и вистински предизвик за интернационален излез на локалниот мал бизнис. Како да се најдат нови пазари, како до нови деловни партнери, што значи ЕУ легислативата за работењето на мојот бизнис, како до нови технологии и иновации, како да се аплицира за европски фондови итн. се најчесто поставуваните прашања, а воедно и проблеми со кои се соочуваат МСП.
    Токму поради тоа постои Enterprise Europe Network, место каде МСП ќе
    – има на кого да се обратат
    – добијат практична помош, сето тоа овозможено преку концепт на едношалтерски систем (без погрешна врата).

    Колку консументи има европскиот пазар?
     
     
     
     
    Сите услуги кои се нудат од страна на мрежата се бесплатни и се нудат од секој партнер во конзорциумот како едношалтерски систем на услуги.

    Услугите на мрежата се насочени главно кон новоформираните и постојните мали и средни претпријатија, но исто така можат да се користат и од страна на поголемите компании, истражувачки организации, агенции за развој на иновации, центри за технологии и иновативни поединци.

    Од своите почетоци во 2008 година до сега, со своето работење Мрежата Enterprise Europe Network  колку МСП успеала да опслужи:

     
     
     
     
     

    Question 1 of 7