ТЕМА 3: Активности и услуги на ЕЕН

Enterprise Europe Network / VISIBILITY & PARTNERSHIP_EEN-VP

Модулот за обука на амбасадорите на Enterprise Europe Network е направен од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, а во рамките на проектот EEN-VP, како дел од повикот за Local visibility action.

( со клик на сликата се движите по слјадовите )

    logo-een_trasparent

    Има задача да ги имплементира работните активности на Мрежата и нејзините проектни задачи преку селекција, менаџмент, мониторинг, евалуација, координација, промоција и делегирање на активности. Тимот е задолжен за публикување и управување за повиците за специфични акции во рамките на Мрежата и валидација на бизнис и технолошките профили, заедно со направените договори помеѓу клиентите.

    Колку % во просек од клиентите директно имаат зголемен годишен обрт поради соработката со  ЕЕН Мрежата?
     
     
     
     
    Без разлика дали станува збор за барање нов партнер, излез на нов пазар, унапредување преку нова технологија или градење на истражувачки капацитети преку некои од Европските програми клиентот своите потреби ги дефинира преку комуникација и средба со контакт лицето од Мрежата. Контакт лицето ја проценува компанијата, ги дефинираат заеднички нејзините потреби и ја формулираат стратегијата. Понатака врз база на стратегијата се прават следните чекори, се изработува профил на компанијата, се обезбедуваат бараните информации, се вршат советувања и анализи или пак се прави припрема за некој настан.

    ЕЕН овозможува и пристап до ЕУ фондовите. НА колку компнаии преку Мрежата им е овозможено да аплицираат за ЕУ фондови?
     
     
     
     
    Контактот со Enterprise Europe Network може да се направи на повеќе начини. Преку главниот портал на Мрежата – http://een.ec.europa.eu/, каде директно преку пребарување ќе го пренасочи заинтересираниот кон националната контакт точка. Преку националната интернет страница, да обезбеди контакт податоци и информации за најблискиот контакт со Мрежата или преку останатите начини на комуникација, телефон, факс, контакт канцеларии. Секоја национална интернет страница има клиентски портал, каде клиентот може да пополни клиентски профил, да се информира, да поставува прашања, да закаже средба и да ги користи останатите алатки достапни од Мрежата. Клиентот зависно од потребите, може да побара услуги за деловно спојување, да побара советување и поддршка, да изрази желба за унапредување на одредени активности итн. Соодветно, по принципот на едношалтерски систем ќе биде третиран за една или повеќе проблематики (области).

    Колку од корисниците на ЕЕН Мрежата би ја препорачале на други МСП?  
     
     
     
     
    Тим за финансии и договори ги менаџира односот и релациите на партнерите со Мрежата во делот на финансии и правни аспекти. Го регулира статусот на партнерство преку различни договори соодветно на активностите на партнерот во Мрежата. Целосен финансиски менаџмент во делот на трошоци, оправданост на ресурси, трансфери, договори, процедурални промени, контрола и финансиски извештаи. Покрај тековните правни активности, користи и надворешни експерти за комплицирани правни исходи.

    Колкав % од клиентите успеваат да најдат нов бизнис партнер преку активностите и услугите на ЕЕН Мрежата?
     
     
     
     
    ИКТ тим е задолжен за ефективни информатичко технолошки сервиси, без кои не може да се замисли работата на Мрежата. Има задача да го одржува тековниот систем  и да работи на развој на нови решение кои ќе ја унапредат работата на Мрежата.

    Коку пати се врши проверка-валидација на податоците од БЦД профилите од компаниите за да станат дел од Базата на ЕЕН?
     
     
     
     
    Кога станува збор за излез на друг пазар во друга земја, има многу препреки преку кои треба да се помине и поради тоа треба пред се компетентен и доверлив партнер. Enterprise Europe Network ја има таа задача. Преку контакт со локалниот тим на Мрежата може да се стане клиент да се направи профил или да се пребарува базата на другите интернационални профили соодветно на деловните потреби. Може да се искористат и настаните за деловни средби кои ги организира Enterprise Europe Network каде директно може да се направат средби со потенцијални деловни партнери.

    Колкав процент од МСП успеале со помош на ЕЕН  да развијат нов производ, услуга или да имплементираат новитет во работењето?
     
     
     
     
    Тим за управување и тренинг има за цел да дава решенија и развива алатки кои ќе помагаат во сумирање и искористување на знаењето и искуството во Мрежата, преку градење и разбирање на културата на Мрежата. Ја организира работата на Групата за управување и советување, преку која се разговара за тековните проблеми на Мрежата, стратегиските одлуки и идните насоки. Исто така ги организира и координира и Работните групи, каде партнерите разработуваат активности кои ќе ја унапредат работата на Мрежата. Едукацијата и постојаната надградба на експертизата на вработените во Мрежата е исто така одговорност на овој тим. Ги обезбедува преку тренинг сесии, децентрализирани обуки, интернет алатки за учење и програма за размена на кадар.

    Колкав % од МСП успеваат да излезат на нови пазари токму поради ЕЕН Мрежата?
     
     
     
     

    Question 1 of 7