Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување (Фондација М.И.Р.) е основана во 2002 година со мисијата да го поттикне и поддржи економскиот развој за благосостојба на сите.

Мисијата на Фондацијата се остварува преку активности што се темелат врз фундаменталните принципи на одржливиот развој во следните области:

· Економски развој
· Животна средина
· Истражување и иновации
· Општество

Основни цели на Фондацијата М.И.Р. се:

· Поддршка на одржлив економски развој и конкурентност
· Придонес кон зголемување на вработеноста и градење на капацитети
· Промовирање на социјална кохезија и благосостојба
· Одржување, заштита и унапредување на животната средина

Специфичните цели на Фондацијата М.И.Р. вклучуваат:

· Придонес кон развојот на секторот на МСПа во Македонија
· Поттикнување и промоција на иновации, унапредување на иновацискиот систем и трансфер на технологија
· Поттикнување на развојот на претприемачко општество
· Поттикнување на доживотно учење, образование и тренинг како основа за вработување и економски развој
· Поддршка и учество во истражување и развој
· Борба против социјална исклученост и дискриминација на пазарот на труд
· Промоција на родова еднаквост и рамноправност, интеграција и почитување на различноста во општеството за сите
· Промоција на користењето на интелигентна енергија, одржлив развој и заштита на животната средина

Активностите на Фондацијата М.И.Р. се:

· Иницирање и имплементација на проекти во согласност со мисијата
· Услуги за поддршка на бизнис и трансфер на технологија
· Поддршка на локалните проекти за иновации и развој на нови технологии
· Информации, консултации и влијание врз креирањето на политики
· Учество во развој на иновативни структури и програми на национално и регионално ниво
· Развој на модерни образовни методи и организација на практични курсеви и обуки
· Учество во истражувачки активности за МСПа и останати целни групи
· Услуги од областа на животната средина
· Учество во промоција на енергетската ефикасност и алтернативни извори на енергија
· Градење на партнерства и вмрежување на локално и интернационално ниво

Остварувањето на мисијата на Фондацијата М.И.Р. би била невозможна без блиската соработка со различни локални и странски партнери од приватниот и јавниот сектор. Фондацијата М.И.Р. е отворена за сите видови на соработка доколку активностите се во рамките на нејзината стратегија за развој, поседува доволен капацитет и компетенции, со партнери кои имаат сличен пристап кон развој и имплементација на проекти.