Македонска и холандска компанија остварија соработка

,,Ми се допаѓа креативниот аспект на нашата работа – секогаш постои можност за нови партнерства, иновативни идеи и отворање на нови хоризонти’’ – Сашка Митева

 

Сашка Митева, инженер за текстил со 13+ години искуство во модната индустрија редовно учествува на настани за вмрежување организирани од Enterprise Europe Network во Македонија. Можностите кои ги нуди Enterprise Europe Network како што се информации и советување, настани за поврзување со доверливи партнери како и добивање на информации за можностите за располагање на програмите и финансирање од страна на Европската унија им помагаат на македонските клиенти да ги претставуваат своите производи и услуги надвор од државата како и да стекнат потенцијални соработници на долг рок. Сашка како долгогодишен клиент на Enterprise Europe Network во Македонија учествува на многу настани барајќи нови можности во текстилната индустрија. Во својата работа секојдневно соработува со текстилни компании и независни дизајнери работејќи на специјален софтвер (Gerber Accumark) за изработка на обрасци.

 

Ако имате скица или примерок и треба да направите обрасци, ако имате шеми во програма и треба да ги претставувате, како и ако треба да креирате слоеви на модели за производство, експертизата која ја поседува Сашка може да ги замени сите чекори и да ви го понуди тоа.

Искуството кое го имаше Сашка со учество на виртуелниот настан за вмрежување Textile Connect 2020 и овозможи да направи соработка со холандска компанија каде клиентот по достава на скица од својата колекција доби шаблони изработени на специјален софтвер, кои подоцна беа пратени до клиентот назад на печатење и изработка на мостри за колекцијата.

Оваа соработка е само почеток на едно одлично партнерство помеѓу холандската и македонската компанија како продолжение на одличната комуникација започната виртуелниот настан за вмрежување Textile Connect 2020. Холандската компанија е модна агенција која овозможува дизајн, развој и производство со фокус на одржливи материјали. Поседува и приватна етикета со производи изработени од природни и одржливи материјали.

 

Секако се зависи од интересот на клиентот, во своето долгогодишно искуство Сашка има соработувано и со германски компании каде еден од клиентите бил заинтересиран за понатамошно производство во Македонија. Благодарение на добрата соработка  со конфекции од Македонија целото производство на моделите на оваа германската компанија сега се произведуваат овде.

 

 

 

 

Виртуелните состаноци дел Enterprise Europe Network ми даваат отворени хоризонти и можности за пронаоѓање на партнери за соработка од цела Европа. Преку мрежата и редовните билтени кои ги добиваме за текстилен кластер имам преглед на сите настани од секторот во кој работам и тоа ми овозможува промовирање на мојата работа и споделување на искуства со потенцијални партнери.изјави Сашка Митева.

 

 

 

 

 

 

 

Потпишан договор за соработка помеѓу Enterprise Europe Network во Македонија и X Фактор Акцелератор

 

Enterprise Europe Network во Македонија ја реализира својата мисија за поддршка на иновативноста и интернационализацијата на македонските МСП во тесна соработка со бројни локални чинители од претприемачкиот еко-систем. Преку различните механизми за локална соработка и партнерство, реализирана е поддршка на бројни македонски компании, особено на полето на настап на странски пазари и поврзување со партнери за долгорочна соработка. Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување  од самите почетоци  ги поддржува македонските компании со услугите кои се дел од Enterprise Europe Network.

Деновиве беше потпишан договор за соработка помеѓу Enterprise Europe Network во Македонија и X Фактор Акцелератор. Оваа соработка ќе овозможи целосно користење на експертизата на двете организации како и остварување на заеднички цели за поттикнување, насочување и стимулирање на иновативните технологии, комерцијализација на иновациите и интернационалниот раст на македонските компании.

Македонските компании ќе имаат можност сеопфатно да се информираат за организација на едукативни и информативни настани, изнаоѓање на бизнис партнери, стручни совети за достапните извори на финансирање.  Enterprise Europe Network во Македонија (ЕЕН-М) е дел од Enterprise Europe Network најголемата мрежа на организации за поддршка на малите и средни претпријатија во Европа и пошироко. X Фактор Акцелератор ДОО Велес е првиот и единствен бизнис акцелератор надвор од Скопје, кој е основан од инвеститори со големо практично искуство во креирање, управување и поддршка на развојот на успешни старт-ап бизниси.

Мисијата на X Фактор Акцелератор е да се поттикне регионалното претприемништво за раздвижување на старт-ап сцената надвор од главниот град. Ова ќе се постигне преку ,,паметни инвестиции’’ во иновативните бизниси, со што ќе им се обезбеди не само финансиска, туку и менторска поддршка за глобален раст.

Enterprise Europe Network во Македонија ќе продолжи да соработува со локалните партнери и во следниот период, преку заеднички активности на поддршка се очекува вклучените компании да го унапредат своето работење како и да ја зацврстат својата позиција на македонскиот и странските пазари.