Европски мисии за раст во Белгија, Грција, Италија и Шпанија

Мисиите за раст претставуваат иницијатива на Европската комисија организирани со цел да се поттикне растот и конкурентноста на европската индустрија како и интернационализацијата на малите и средни претпријатија (МСП).

Мисиите вклучуваат политички и бизнис средби како и дискусии од заеднички интерес од областа на претприемништвото и индустријата. Учеството во мисиите нуди можност за воспоставување на контакти со бројни претпријатија од различни земји како и со високи политички претставници од Европската комисија и локалните власти.
Како комесар за индустрија и претприемништво, потпретседателот на Европската комисија Антонио Таџани континуирано работи на промовирање на европската индустрија и МСП со цел полесно да ги надминат последиците од економската криза. Во мисиите за раст реализирани во периодот 2011-2013 предводени од еврокомесарот Таџани учествуваа 607 претставници од 425 претпријатија/деловни асоцијации од 26 европски земји.
Европската комисија го објави календарот на планираните мисии за 2014та година, фокусирани на неколку европски земји:
  •  Валонија, Белгија – 18 февруари 2014 (сектори: машинска индустрија, биотехнологија, логистика, креативни индустрии, итн.)
  • Атина, Грција – 10/11 март 2014 (агро-храна, прехранбена индустрија, биотехнологија, енергетика, туризам)
  • Неапол, Италија – 13/14 март 2014 (еко-градби, биотехнологија, енергетика, автомобилска индустрија, агро-храна, туризам)
  • Палермо, Италија – 27/28 март 2014 (агро-храна, интелигентна енергија, ИКТ, градежништво и  еко-градби, креативни индустрии)
  •  Севиља и Мерида, Шпанија – 3 и 4 април 2014 (подетални информации се очекуваат наскоро)

PeopleDiscussing_1

Повеќе информации околу програмата на наведените мисии, можностите за деловни средби како и за приоритетните бизнис сектори може да најдат на следниот линк:
За подетални информации околу учеството на претпријатија/претставници на деловни здруженија и останати организации од Македонија задолжен е Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ).
Контакт лице за мисиите за раст: Габриела Костовска Богоеска, gabriela@mir.org.mk (02 3077 008).