Интернационална конференција и деловни средби, 26-27.09.2013 Ниш, Србија
Интернационалната конференција „Женското претприемништво како можност за регионален економски развој”, организирана од Асоцијацијата на бизнис жени на Србија, има за цел да ги промовира најдобрите пракси во промоција и поддршка на женското претприемништво, како и да овозможи вмрежување на жените од бизнисот. На конференцијата се очекува присуство на бизнис жени од Југоисточна Европа како и од одредени ЕУ земји од останатите делови на Европа, кои ќе имаат можност да разменат искуства и да воспостават потенцијална деловна соработка.
Зошто да се учествува?
– Главната цел на настанот е наоѓање на деловни партнери и можност за промовирање на бизнисите и технологиите развиени од страна на жени претприемачи
– Деловните средби овозможуваат надминување на регионалните бариери, остварување на бизнис соработка меѓу МСП од Јужна и Северна Европа
Сектори
Агробизнис и прехранбена индустрија
ИКТ
Текстил
Учеството на настаните е бесплатно, а за учесниците на конференцијата организаторот обезбедува и бесплатно сместување.
Рокови за пријавување: