Секторска група Женско претприемништво при Enterprise Europe Network

Нова хоризонтална секторска група за женско претприемништво (WEG) на почетокот на 2013та година е формирана во рамките на Enterprise Europe Network. Групата има 30 членови од 15 европски земји, вклучувајќи ја и Република Македонија, со претставник од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување.

Првиот состанок на WEG се одржа на 18ти Март 2013 година во Унијата на стопански комори на Италија во Рим. Целта на оваа средба беше дефинирање на активностите на секторската група и утврдување на облиците на соработка со останатите 16 секторски групи на мрежата. На состанокот свое обраќање имаа и високи претстаници на Директоратот за претприемништво и индустрија при Европската Комисија.

network

Оваа група се фокусира на женското претприемништво од економски аспект и го третира повеќе како економски недоволно искористен потенцијал, а не како прашање на родова еднаквост. Целта е да се направат напори постоечките услуги на Enterprise Europe Network да се насочат во поголема мера кон жените во бизнисот заради унапредување на нивните бизниси во сферата на иновативноста, конкуретноста и интернационализацијата.