Одржан првиот координативен состанок за FP7 проектот PROCEED во Арад, Романија

Првиот координативен состанок за  новиот FP7 проект PROCEED беше организиран во последната недела од јануари 2011 година во Стопанската Комора во Арад, Романија. Фондацијата М.И.Р. учествуваше на состанокот како еден од дванаесте партнери на конзорциумот на проектот.

PROmotion and coordination of environmental research in Central and Eastern Europe for a sustainable Development with the support of the Enterprise Europe Network PROCEED, проектот се фокусира на дисеминација на резултати од истражувања во рамките на животната средина и практики кои потекнуваат од земјите од Централна и Источна Европа, со цел да ги поттикнат овие земји да ги користат истите и да учествуваат на повеќе истражувачки проекти преку научна и технолошка соработка со други европски партнери. Областите на истражување на кои ќе се фокусира проектот се загадување на воздух, загадување од хемиската индустрија и технологии од областа на животната средина.

 

Proceed_5

Сите 12 земји партнери на проектот се претставени од организации членки на Enterprise Europe Network, кој ќе биде главен комуникациски канал на проектот, поради присутноста на мрежата во голем број на држави во Европа (600 партнерски организации) и пошироко (Кина и САД).

Проектот е финансиран од Седмата рамковна програма (FP7 Cooperation ) на Европската Унија.