Проектот GREEN започнува со ипмлементација

Поддршка за подобрување на еколошкото работење на малите и средни претпријатија од прехрамбената и индустријата за градежни материјали 

Фонадацијата за Менаџмент и индустриско истражување од Скопје, во конзорциум со организации од десет земји од Европа, започнува со имплементација на проектот ГРИН (GReening business through the Enterprise Europe Network).
Целта на проектот е подобрување на еколошкото работење на малите и средни претпријатија од прехрамбената и индустријата за градежни материјали во Европа и поддршка на Еnterprise Europe Network  при справувањето со еколошките предизвици во овие два индустриски сектори.

Планирано е да се формира мрежа на локални организации кои работат во областа на животната средина преку која претпријатијата ќе добиваат бесплатни или ефтини услуги во врска со нивното еколошко работење. Активностите вклучуваат и преглед на мерки за поддршка на претпријатијата во оваа област, дата база на јавни и приватни организации кои работат во областа на животна средина, како и неколку тренинг сесии и работилници.

Проектниот конзорциум е воден од Unioncamere Veneto, Италија и е составен од организации, истражувачки центри и стопански комори од следните европски држави: Македонија, Италија, Романија, Турција, Словенија, Грција, Хрватска, Србија, Бугарија и Црна Гора. Сите организации се членки на Enterprise Europe Network.

Проектот е финансиран од Програмата за Конкурентност и Иновации на Европската Комисија.