Учество во експертска група Интелигентна енергија

Фондација за Менаџмент и индустриско истражување како претставник на ЕИИЦМ учествува во Секторската група – Интелигентна енергија. Во рамките на Enterprise Europe Network функционира Секторската група – Интелигентна енергија (ИЕ), која претставува експертска платформа на полетo на обновлива и конвенционална енергија. За клиентите, членовите на Секторската група- ИЕ нудат поддршка, контакти и информации за изнаоѓање на партнер за бизнис или технолошка соработка од Европа.

Секторската група ги нуди услугите кои се типични за мрежата, но со зголемен фокус на остварување на успешна соработка за трансфер на иновативни технологии и заеднички истражувачки проекти од областа на енергетиката.

Секторската група- ИЕ се стреми кон креирање на додадена вредност за нејзините клиенти преку развивање на сопствени проекти, организирање на заеднички настани со останатите секторски групи на мрежата, како и надоврзувањето на веќе постоечките иницијативи на Европската комисија во дадената област како што се: Европски технолошки платформи , програмата Europe INNOVA, Европските истражувачки кластери, EREC – Европски совет за обновлива енергија, Европски агенции за енергија и останати. Крајната цел е поддршка на се повеќе растечкиот пазар на обновливи енергии.

hand building up a grassy panorama against the blue sky

Теми на фокус во Секторската група- Интелигентна енергија се:
– Обновливи енергии:

  • Биомаса, биогас и био горива;
  • Фотоволтаици и соларна термална енергија;
  • Хидро енергија и енергија на бранови;
  • Ветер;
  • Геотермална енергија.
– Енергетска ефикасност и енергетско ефикасни згради.
– Горивни ќелии и водородна технологија.
– Конвенционални извори на енергија.
– Производство,складирање и дистрибуција на енергија.Земји членки на Секторска група- Интелигентна енергија:• Македонија
• Швајцарија
• Данска
• Норвешка
• Турција
• Франција
• Полска
• Велика Британија
• Германија
• Португалија
• Австрија
• Грција
• Словенија
• Белгија
• Унгарија
• Шпанија
• Бугарија
• Исланд
• Шведска
• Чешка
• Италија

Како дел од активностите на Мрежата на бизнис можности – Enterprise Europe Network, нашиот консултант Миле Шошевски ќе земе учествона официјалниот состанок на Секторската група-Интелигентна енергија во Рејкјавик, Исланд. Настанот ќе биде одржан во рамките на Конференцијата за Геотермална енергија
За повеќе информации за тековните и идните активности на Секторската група- Интелигентна енергија контактирајте го претставникот на ЕИИЦМ во Групата: Миле Шошевски ( mile@mir.org.mk).