Abstract Hall Hr

Повик за македонски стартап компании за учество во EEN-ScaleUP програмата за иновативност и интернационализација

 

 

Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во рамките на проектот за “Забрзување на интернационалниот раст на младите мали и средни претпријатија од Македонија (EEN-ScaleUP)” објавува повик за избор на 20 (дваесет) домашни стартап компании кои се заинтересирани да добиваат бесплатни советодавни и тренинг услуги за зголемена конкурентност, иновативност, пристап до финансии и странски пазари, а што ќе им ги олесни нивните напори за раст и развој, како и за настап на европскиот единствен пазар.

Заинтересираните компании треба да испратат апликација најдоцна до 15.09.2017 по електронски пат на mir@mir.org.mk. Повеќе информации може да се најдат во Повикот и апликацијата во прилог.